Понеделник, 26 Март 2018    PDF Печати Е-пошта
Синдромот „невеста бегалка“ не е нов на македонската политичка сцена
alt

Од вчера капацитетот на Централниот Одбор на СДСМ е збогатен со Адреј Жерновски, несудениот градоначалник на Општина Центар и Чедомир Саздовски звани „салто мортале“ избран како пратеник на коалицијата „За подобра Македонија“ од редовите на ГРОМ.

Претпоставувам дека Претседателот на СДСМ и Премиер Зоран Заев ќе им ја образложи ваквата одлука на неговите членови, особено на оние кои за парламентарните избори трчаа на терен против Чедомир Саздовски, а и на оние кои од истиот тој Чедо беа обвинувани дека краделе од европските фондови ставени на располагање на Република Македонија. Можеби нема да е лошо и на нас да ни образложи како го натера да го прифати албанскиот јазика као втор официјален јазик, имајќи ја во предвид неговата изјава дека „СДСМ не може никого да натера да го прифати албанскиот како втор официјален јазик“.

Особено интересен случај за опсервација е и Андреј Жерновски, кој покажа „силен“ пркос кон неговата матична партија и СДСМ и одлучи самостојно да се кандидира за градоначалник на Општина Центар, потписите ги собра арно ама од само нему познати причини се повлече од трката еден ден пред официјалното поднесување на кандидатурите. Од тогаш освен некој срамежлив Фејсбук статус со критика кон ВМРО ДПМНЕ, а со пуста желба да се додвори на Заев некој негов поголем ангажман на политичката сцена не видовме, иако периодов беше особено богат со интересни настани кои провоцираа реакции кај тотално аполитични граѓани, а не па на политичари од калибарот на Андреј Жерновски. После неколкумесечен молк Андреј мирно транзитираше од редовите на ЛДП во редовите на СДСМ, а ние остануваме во исчекување на функцијата кој допрва треба да му биде доделена како награда за неговата послушност.

Синдромот „невеста бегалка“ не е нов на македонската политичка сцена, а ваквите „шарања“ лево десно се најчесто мотивирани од опортунистички причини односно од разликата во удобноста на опозоциското-позициското столче. Додека опозициското столче е тврдо и неудобно, позициското е тапацирано удобно и со вградено греење за ладните зимски денови. Можеби најистакнат пример е пратеникот Амди Бајрам кој е „Кока Кола“ во споредба со другите пратеници при менувањето на коалициите.

Овие пратеници (советници) го ставаат своето достоинство, морал и углед на страна кога станува збор за личниот интерес, притоа не водејќи сметка за тоа за што се обврзале пред граѓаните кога го барале нивниот глас. Предизборните ветувања стануваат празни флоскули, граѓаните остануваат измамени, морална одговорност нема и единствен механизам е надежта дека на следните избори на демократски начин ќе бидат казнети овие пратеници бегалки. Тоа не довевдува до заклучокот дека оној пратеник кој не си успеал да го добиеш на изборите ќе си го купиш после изборите, цена inbox.

martina-antikj80М-р Мартина Антиќ

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.