Четврток, 29 Март 2018    PDF Печати Е-пошта
СОГОВОРНИК СЕКОМУ - СЛУГА НИКОМУ

maak

Националниот Комитет на МААК и укажува на целокупната македонска јавност дека по вторпат - прво: заради лажни тврдења на британските тајни служби; второ: заради желбата на владеачките структури во Република Македонија по секоја цена да бидат слуги на НАТО милитантните глобалисти,Република Македонија е втурната во опасно непријателство кон други држави.

Имено,заради веќе докажано лажните тврдења на британските служби за поседување нуклеарно оружје од страна на власта на Садам Хусеин во Ирак,Република Македонија,преку "Партнерството за мир",беше дел од окупаторските НАТО сили во таа држава и дел од непријателите на недолжниот ирачки народ.

Денес,заради непоткрепените со докази изјави на истите тие британски служби,а во желбата да се биде "поголем папа од папата",квинслишката,нелегитимна Влада на РМ,со ништо предизвикана,креира дипломатско непријателство со една од земјите членки на Советот за безбедност при ООН,Руската Федерација,фрлајќи ја Република Македонија "на линијата на огнот",според желбата на креаторите на американската стратегија од времето на Обама-Клинтон владеењето.

Затоа,по којзнае кој пат повторуваме дека членството во воената НАТО организација,покрај големите трошоци за државата,не претставува ништо друго,туку единствено некој друг,заради свои интереси,да ни определува непријатели и,според сопствени потреби,да ја фрла нашата држава и нашиот народ на линијата на огнот. Неодамна,како "непријатели" ни ги определија Ирак и Авганистан,денес Руската Федерација. Не можеме ни да претпоставиме кој ќе биде утре или задутре.

МААК,токму заради тоа,го повикува македонскиот народ во остварување на една од основните заложби на партијата,зацртана уште во 1990 година,за НЕУТРАЛНОСТ и ДЕМИЛИТАРИЗАЦИЈА на Република Македонија,под покровителство и со гаранции на Советот за безбедност при ООН.
МААК и укажува на македонската јавност,но и на целокупната меѓународна заедница,доколку искрено посакува мир на Балканот,дека само така Република Македонија ќе биде самостоен и независен субјект во меѓународните односи,но и гарант на мирот,наспроти се уште неизживеаните големодржавни политики на одредени балкански држави.

МААК ги повикува сите политички субјекти во Република Македонија да се заложат единствено за ПРОМАКЕДОНСКА политика,бидејќи врховизмот е еден и ист без разлика дали доаѓа од Софија,Белград,Вашингтон или Москва.

Токму затоа,под мотото "СОГОВОРНИК СЕКОМУ - СЛУГА НИКОМУ"МААК јасно дава на знаење дека наспроти желбите на политичките профитери за членство во една или друга структура,единствена сигурна иднина за нашата држава е НЕУТРАЛНА МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ.

Национален Комитет на МААК

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.