|
||||
Нема да дозволам да не навредувате со кратенката FYROM |
Претседателот Ѓорѓе Иванов го откажа интервјуто со светскиот сервис за вести Euronews. Како што информираат од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија на ваков чекор се решиле откако сервисот, интервјуто го промовирал со кратенката FYROM на социјалните мрежи „Ве известуваме дека македонскиот претседател Иванов го откажува закажаното интервју за Вашиот медиум. Крајно неприфатлива е Вашата употреба на кратенката FYROM во ословувањето на нашата земја, Република Македонија. Длабоко жалиме што, и покрај покажаната добра волја за соработка од наша страна, не беше прифатено барањето за отстранување на кратенката FYROM при промоцијата на интервјуто на социјалните мрежи, и не беше уважено барањето да се придржувате до уставното име на нашата земја, Република Македонија и до придавките изведени од уставното име на нашата земја – Република Македонија. Сметаме дека употребата на кратенката FYROM е директна навреда за граѓаните на Република Македонија. Таа кратенка, како што претходно ви укажавме, никаде не се употребува, вклучувајќи го и регистерот на ОН и ви посочивме дека FYROM не е име во ОН, туку референца која никогаш не се користи како кратенка. Сметавме дека 2 дена се повеќе од доволно разумен рок да ја исправите Вашата груба грешка и како што побаравме, во најмала рака да испратите извинување до граѓаните на Република Македонија. Ви изразуваме благодарност за искажаниот интерес за интервју со македонскиот претседател Иванов, кое поради наведените причини, нема да го реализираме.“ – стои во писмото кое Кабинетот на Иванов го испратил до EuroNews. |