|
||||
МААК ги повикува сите политички партии во Р.Македонија, да престанат да дуваат во воените труби |
Следејќи го внимателно се позасиленото вооружување на нашите соседи,донацијата од 300 тенкови од страна на НАТО за својата земја членка,Албанија,кои треба да завршат како сопственост на армијата во формирање на Косово,од една страна и,донациите и набавката на воени авиони и хеликоптери,кои ги реализира Република Србија,од друга страна,за МААК е повеќе од јасно дека забрзано се оди кон конечна разврска на косовското прашање. Имено, под маса се веќе ставени двете опции - северниот дел на Косово да се припои кон Република Србија, или да биде етнички исчистено од преостанатите Срби,па Косово да стане етнички чиста албанска држава. Ваквите опции многу скоро може да доведат до војна со крвави,несогледливи последици. Војна, пак, која своето продолжение, исто како и пред 17 години, со прелевање на вооружени сили од Косово, ќе го има во Република Македонија. Токму затоа, за МААК, се позасилените про и анти НАТО и про и анти руски пропаганди, не значат определба за евроатлантски или евроазиски интеграции,а најмалку значат определба за македонските национални и државни интереси. И едните и другите,во својата суштина се длабоко антимакедонски и, единствено значат определба за Србија или за Косово. Токму таквите пропаганди треба да отворат пат за "фрлање" на Република Македонија на линијата на огнот и прелевање на воените дејствија од Косово во Македонија, заради нејзина поделба,што ќе биде вовед во нова балканска војна. Национален комитет на МААК |