|
||||
Македонската дијаспора во Франција оствари средба со Бертран Сор |
Македонската дијаспора во Франција, преку медијација на делегација составена од претставници на нејзините здруженија, остварија средба со Претседателот на француско-македонската група за пријателство на француското национално собрание Бертран Сор (Bertrand Sorre), со цел да се запознаат различните проекти и активности поддржани од оваа група за развој на пријателските односи меѓу Франција и Македонија. На средбата се разговараше за политичката криза со која се соочува земјата, да се осуди т.н. платформа од Тирана, бидејќи таа претставува директно мешање од страна на земја-кандидатка во внатрешните работи на друга земја-кандидат. Ова би можело да стане опасен преседан во меѓународните односи, особено во овој период на опаѓање на солидарноста во ЕУ и во светот, исто така во овие времиња на загрозена безбедност во светот. Беше истакнато дека преговорите со Грција треба да се прекинат ако 137 од 193 земји или 71% од земјите-членки на ОН, ја признаа Република Македонија под уставното име. Може ли правото на самоопределување и самоназначување да биде повредено од ветото на една земја, без да бидат засегнати интересите на другите земји? Интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ неможе да биде услов за промена на името. Ова е неприфатливо бидејќи е против законот! Според меѓународното право и правото на македонскиот народ, како конститутивен народ на Република Македонија, самоопределувањето, единственото прифатливо решение, бидејќи е разумно. На средбата со пратеникот Бертран Сор, истакнавме дека е значајна подршката на Република Франција во сите важни демократски процеси и реализацијата на стратешките евро-атлантски цели на државата. |