Вторник, 24 Април 2018    PDF Печати Е-пошта
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ERGA OMNES

sum

Во пресрет на годишнината од Родољубивиот четврток – 27.04.2017 година, Сите за Унитарна Македонија - “СУМ“,како Македонска координативна мрежа што формално обединува 23 граѓански здруженија и организации (а неформално и многу повеќе),

Ве информира дека на:

26.04.2018 година, ЧЕТВРТОК,

со почеток во 19,00 часот организира Собир на сите граѓани родољуби

на кои унитарна и демократска Македонија им е во срцето , а со цел да се испрати порака до ненародната власт дека Македонскиот народ не го заборава Денот кога беше погазен Уставот на Република Македонија, парламентарната демократија и кога е започната окупацијата на Македонија за остварување на туѓи интереси, а на сметка и на штета на македонските.

Мотото на собирот е:

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ERGA OMNES

а пораките кои ќе се испратат се:

Не за промена на МАКЕДОНСКОТО ИМЕ, ЈАЗИК, ИДЕНТИТЕТ и ИСТОРИЈА и кривична одговорност за тие што со украден и фалсификуван мандат го прават тоа во името на македонскиот народ,

Прекинување на секакви судски постапки за РОДОЉУБИТЕ кои на 27.04.2017 година го бранеа Уставот на Република Македонија и парламентарната демократија

РАСПУШТАЊЕ на оваа ненародна и инсталирана власт

Собирот е замислен како надпартиски собир со обединувачка и мотивирачка цел за сите прогресивни и демократски, но пред се родољубиви сили во Македонија кои се свесни за опасностите по опстанокот (физички, духовен, културен и економски) на македонскиот народ, држава и по сигурноста на сите нејзини граѓани.

Почитувани, доколку главната порака на овој собир - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ERGA OMNES е света и за Вас и доколку барем една од четирите пораки е одраз на Вашите цели или соодветствуваат и се предуслов за исполнување на вашите партиски цели, “СУМ“ искрено и од се срце Ве поканува да го поддржите овој граѓански собир за Македонија со масовна поддршка од страна на вашето членство.

Убедени сме дека со Вашето присуство на овој собир:

1 - ќе му ставите до знаење на македонскиот народ и на сите граѓаните дека како партија сте со него во овие важни и тешки моменти на сериозни напади и загрозување на македонскиот народ и неговите интереси

2 - сте за вистинската парламентарна демократија како гарант на слободите и правата на сите граѓани, независно од припадноста по која било основа (етничка, верска, полова...) и

3 – правите реален чекор кон обединување на сите прогресивни и демократски сили и капацитети во градењето на фронтот против ненародната и недемократска власт, свесни за суштинскиот интерес на македонската нација и државност.

Во овој момент само ЗАЕДНО СМЕ СИЛНИ!

Концептот на собирот е изработен и се поставени принципи, но доколку имате пораки или сугестии кои не го нарушуваат концептот и принципите, би можеле да ги слушнеме и вашите предлози, водејќи сметка за временските ограничувања.

Во име на подобри времиња и со верба во искрената соработка за една толку важна и заедничка цел – Македонија ERGA OMNES, Ве поздравуваме со

ДО ВИДУВАЊЕ НА 26.04.2018 година во 19,00 часот пред спомен обележјето на основоположниците на АСНОМ, Претседателот на првата Македонска Република - Никола Карев и Македонската триумфална капија.

Македонската координативна мрежа СУМ – Сите за унитарна Македонија

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.