|
||||
Ниту еден граѓанин не живее подобро освен Трајче и Вице |
Локвенец не може да се убеди ниту себе си, а не граѓаните во лагите што му ги дале да ги прочитаСоопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Хари Локвенец Една година по 27 ми април, живот дојде само за Зоран Заев и картелот на власт. Ниту еден граѓанин не живее подобро, освен Трајче и Вице Заеви кои купуваат фабрики по багателни цени го освојуваат пазарот со марихуана. Животот дојде и за Кочо Анѓушев кој си наплаќа милиони евра за сопствените фирми, но и за разно разни Фрчковци, Грчевци, Талатовци кои си ги вработуваат децата и роднините на државни функции. Македонија заглави во корупција, а владини функционери заплашуваат новинари и невладини организации доколку проговорат за криминалот што се прави. Отварање на нови работни места и нови странски инвестиции нема. Просечната плата наместо да биде 30.000 денари како што ветуваше Заев, оди надолу. Нема 100.000 денари за докторите, ниту повисоки пензии за пензионерите. Нема изградба на ниту еден километар од ветените 600 километри автопат. Градежништвото тоне. Ова се резултатите на работењето на владата на СДСМ, живот за неколкумина од картелот на власт, а пекол за граѓаните на Република Македонија. Хари Локвенец не може да се убеди ниту себе си, а не граѓаните во лагите што му ги дале да ги прочита. Овој криминален картел мора да замине час поскоро. Граѓаните заслужуваат подобро. |