Четврток, 03 Мај 2018    PDF Печати Е-пошта
Оваа ненародна власт мора да си замине
ВМРО-ДПМНЕ: Криминалниот картел ја приватизира државата, постои сомнеж дека фирмите на Заеви преку РЕК Битола земаат пари од државниот Буџет

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалниот картел ја приватизира државата, постои сомнеж дека фирмите на Заеви преку РЕК Битола земаат пари од државниот Буџет

Криминалниот картел ја приватизира државата. Постои сомнеж дека фирмите на Заеви преку РЕК Битола земаат пари од државниот Буџет, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев, кој тврдеше дека неговите фирми немаат ништо заедничко со ископ на јаглен, сега ретерира дека имале механизација, но ја продале. Сепак Заев бега од одговори и не кажува што бараат камиони со Струмички регистарски таблички за кои постои сомнеж дека се на Вице Заев, со налепници на „СВ – Инвест“ во РЕК Битола. Заев се вплетка во сопствените изговори и бега од одговори на клучни прашања. Заев бега од одговори, како што бега од одговори како фирмите на кланот Заеви го купија струмичкиот конфекциски гигант Герас Цунев со над 1.800 м2 деловен простор, за цена од само 20.000 евра. Неодамна кланот Заеви влезе и во милионскиот бизнис со марихуана, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Заев треба да одговори, колку е зголемен семејниот имот откако тој е премиер и во колку милионски бизниси влегуваат неговите блиски?

-Дали позицијата на Заев се користи за зголемување на семејното богатство? Додека кланот Заев влегува во милионски бизниси, граѓаните се соочуваат со лош стандард, намалување на просечната плата за над 800 денари, држава со јавен долг над 5 милијарди, уплашена бизнис заедница и лоши економски показатели. Државата тоне, а Заев менаџира со државните ресурси само за потребите на картелот. Заев не работи за граѓаните, Заев работи за интересот на неговиот клан. Државата и граѓаните заслужуваат подобро. Оваа ненародна власт мора да си замине, се наведува во соопштението на партијата.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.