|
||||
Четвртиот Илинден ќе биде денот кога Македонија ќе се повлече од т. н. преговори за името |
ОМД: “Четвртиот Илинден” ќе биде денот кога Македонија ќе се повлече од т. н. преговори за името Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) категорично го отфрла обидот на Зоран Заев да се промени Уставот и да се наметне “ново име” врз Македонија и Македонскиот Народ. Четвртиот Илинден ќе се случи кога вистински државник ќе се роди во Македонија и ќе ја повлече земјата од смешните „преговори“ за македонското име и идентитет под покровителство на Обединетите нации. “Ние имаме име – Република Македонија. Предлогот на Заев да се смени нашето име во ‘Република Илинденска Македонија’ и волјата премолчано да се согласи со грчката позиција за ‘ерга омнес’ како дополнение на неговите обиди да ја редефинира Македонија како бинационална држава ги загрозија столбовите на кои почива македонската нација“, истакна претседавачот на ОМД Стојан Николов. “Наместо засрамувачки да се обидува да ја редефинира и преименува земјата, Заев треба да се фокусира на економијата и владеењето на правото – кои ќе доведат со создавање на работни места од приватниот сектор и намалување на зависноста од владата (и политичката партија која е на власт.” Медиумите известија дека грчката влада и опозициските партии го отфрлија предлогот на Заев како неприфатлив, што го поставува прашањето: Дали Грција навистина сака да го реши овој проблем (кој го поттикна)? И дали Грција сака нејзиниот северен сосед како рамноправен член на евро-атлантските институции? Нажалост, грчките политичари ги изиграа нивните македонски колеги во дипломатската арена. Со цел да се покаже како конструктивен, Заев уште еднаш демонстрираше наивност, понижувајќи се себеси и фрустрирајќи ја македонската нација, како што направи со промената на автопатот во Македонија. ОМД го потсетува Заев и другите македонските политичари дека Македонците насекаде во светот никогаш нема да дозволат промена на името на Република Македонија или на нашиот идентитет како Македонци. “Да бидеме јасни, ОМД ќе ги превземе сите чекори потребни да се оневозможи каква било промена на името. Низ годините, Македонците низ светот дале многу жртви, вклучувајќи ги тие од Илинден 1903 борејќи се за слободна и суверена држава. Македонското име, идентитет, и гордост не се за продажба од било кој изгласан службеник, ” рече Александар Митрески, ко-основачот и заменик претседателот на ОМД. “Повторно и повторно, ОМД има понудено експертски совет на оваа власт, и на претходната за да се реши овој голем проблем за Човековите Права на Македонија и Македонскиот Народ – и сепак Заев и неговите соработници упорно покажуваат аматеризам, прифаќајќи Грчки, Бугарски, и ЕУ барања, додека поткопуваат се што е Македонско – тоа е погрешно, тоа е неприфатливо, и тоа е апсурдно,” рече претседателот на ОМД Методија А. Колоски. ОМД е збунета зошто Македонската власт и опозиција не можат јавно да се помират со фактот дека таканаречениот и грчки измислен “спор за името” никогаш не бил за името, туку е за идентитетот на Македонскиот Народ. Ова секогаш се користело како изговор од сите Грчки власти и други институции да се одбие Македонскиот Идентитет. “Изјави како ‘треба да видиме предлог на писмено,’ ‘не прифаќаме измени на уставот,’ и ‘потребен е референдум за новото име’ – се лоши изговори за вистинско лидерство и ја турка Македонија подалеку од јасен крај на оваа апсурдна дебата,” реќе Николов. ОМД ја повикува Западната демократска заедница, со САД и ЕУ на чело, да престанат да вршат притисок врз Македонија да го смени своето име за да влезе во НАТО и ЕУ – притисок кој води спротивно на нивната иницијатива – Привремената Спогодба од ОН од 1995, и универзалната декларација на ОН за Човекови Права, и сите други Европски Конвенции. “Низ вековите, Македонците се бореле за најосновните човекови права со своите агресивни соседи кои стремеле да ни одземат територија и да го избришат нашиот идентитет. Во 1991, конечно ги добивме своите права за самоидентификување, демократија, и отворен пазар. Македонците оптимистички гледаа кон приклучувањето на организации кои водеа во човековите права, владеењето на правото и демократијата,” рече Трајко Папучкоски, член на одборот на ОМД и Директорот на ОМД за САД. “Македонија треба веднаш да се повлече од Привремената Спогодба на ОН, која Грција ја прекрши во 2008 за време на НАТО самитот во Букурешт, делувајќи несоседски, и време е да се стават во мирување аспирациите кон ЕУ и НАТО додека овие организации повторно не си ги применат своите вредности и да не признаат нас како Македонци без додавки, придавки, или ѕвездички,” заврши Папучкоски. “Време е нашиот сосед да им се приклучи на сите други држави во 21виот век и да ја прифати реалноста дека сме Македонци.” |