|
||||
Граѓани на Република Северна Македонија |
Новото име ќе биде Република Северна Македонија. Во графата за националност ќе биде граѓани на Република Северна Македонија. Јазикот: Македонски/Macedonian *Словенски јазици / Slavish origin. Поранешниот министер за надворешни работи и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски објави рамка и чекори договорени од Коѕијас-Димитров, што ќе ги спроведат Ципрас и Заев за смена на уставното име на Република Македонија: 1. Дефинирање на новото име преку повратна комуникација меѓу Заев и Ципрас. 2. Потпишување договор за промена на името во Преспа на почетокот на јуни. 3. Договорот за името оди во македонското Собрание каде што треба да помине со гласање на 61 пратеник. 4. Грција испраќа писмо до НАТО за да одобри условен прием (членство само по уставни промени). 5. Грција испраќа писмо до ЕУ за поддршка за почеток на преговорите на Скопје под услов уставните промени да завршат во рок од 12 месеци. 6. На 28 јуни Заев ќе биде поканет на самитот на ЕУ официјално да го прими датумот за почеток на пристапни преговори 6а. На 11/12 јули Скопје ќе ја прифати официјалната покана за НАТО. 7. Во октомври ќе се одржи референдум за името со кој Заев ќе треба да покаже дека мнозинството граѓани ја прифаќаат рамката за промена на името. 8. Врз основа на очекуваната силна поддршка од СДСМ и албанските гласачи, Заев ќе побара поддршка од опозицијата во Собранието и со 2/3 мнозинство да се промени Уставот за името. Доколку некои пратеници искажат противење на промена на името, СЈО и други владини институции ќе спроведат соодветен притисок. 9. Договорот за промена на името ќе дојде за гласање и пред грчкиот парламент, по што ќе почне процесот на ратификација во другите земји членки на НАТО 10. ОН, ЕУ и НАТО ќе го признаат новото име. Новото име ќе биде Република Северна Македонија. Во графата за националност ќе биде граѓани на Република Северна Македонија. Јазикот: Македонски/Macedonian *Словенски јазици / Slavish origin. |