|
||||
Нов предлог од Грција-Централна Балканска Република |
Независни Грци: Или ќе се вика „Централна Балканска Република“, или нема да прифатимеПомалиот партнер во владеачката коалиција во Грција, партијата Независни Грци, не отстапува од својот цврст став дека нема да прифати зборот „Македонија“ да биде содржан во новото име на северниот сосед.
Три члена на партијата тоа го нагласија во различни интервјуа, и тоа заменик-министерот за земјоделство Базилис Кокалис, потпретседателот на Парламентот, Димитрис Каменос, како и портпаролката Мадалена Пападопулу. Тие рекоа дека не доаѓа предвид никакво сложено име што го вклучува терминот „Македонија“, „поради иредентизмот што таквото име би го поттикнал во Скопје“. Единственото име за кое тие би гласале е „Централна Балканска Република“, истакна Каменос, кој не е во роднинска врска со партискиот лидер Панос Каменос. |