|
||||
Никој не ни размислува да се откаже од Македонската православна црква |
Владика Агатангел: Некој манипулира со Синодот на МПЦ, архиереите и со народот, но вистината секогаш победуваМожеби некој си игра и во Синодот, не можам да тврдам, ни да напаѓам, не сакам да си ја грешам душата, но може некој манипулира и во Синодот со нас архиереите, со народот, со верниците, со свештенството. Но ќе испадне тоа на виделина, вистината секогаш победува, не можеме да се сокриеме зад вистината. Можеби претпоставуваме кои се тие луѓе, но времето ќе покаже – изјави владиката Агатангел во емисијата „Ѕид“ на „Алфа“ телевизија, зборувајќи за последните информации дека МПЦ се откажува од името Македонска Православна Црква како и за барањето од БПЦ да биде мајка ќерка на МПЦ.
Според него не постои член на Светиот Архиерејски Синод кој ќе отстапи од светото македонско име на Македонската Православна Црква затоа што таа е тврдина и столб на државата. Тврдина и столб за вистината за македонскиот народ, тврдина и столб на сите оние кои се чувствуваат Македонци.
Во врска со договорот со Бугарија и барањето на МПЦ до БПЦ за мајка ќерка тој посочи дека договорот со Бугарија кога државата го потпиша, Синодот не го прифати и излезе со соопштение, но наредната седница некој се појавил со идеја да се бара од Бугарската патријаршија да биде црква мајка и затоа додава дека постојат големи шанси некој да манипулира со Синодот на МПЦ. |