|
||||
Одат со скинати чевли, јадат леб и сол, ама ги интересираат преговорите со Грција |
Завршената приказна на Заев и СДСМНе е сосема јасно зошто многумина се изненадени од бројноста на синоќешниот митинг. Можеби се тоа лажните анкети на странско-комуњарските-вмровско невладини организации, според кои Заев е десет пати популарен од било кој друг политичар во Македонија, а СДСМ е единствената вредна политичка опција. Можеби тоа се зборовите на старо-новите удбашко новинарски структури, според кои Заев е најумниот, најубавиот, најспособниот политичар во Македонија, тука и таму со по некоја нормална политичка слабост, кому ете, и учителката можеби, по примерот со онаа судијка, му се извинувала што го малтретирала додека бил мал и го терала да научи да пишува и чита.
Но, очигледно е дека била потребна и оваа показна вежба за да се стави до знаење дека теренот, ако не целосно и стоотстотно, тогаш барем во голем дел го контролира опозицијата, ако тоа воопшто некогаш било спорно, освен во оние денови на локалните избори кога резулатот, илјадници би се заколнале, беше лажиран со општа политичка согласност. Со тоа, всушност, како што констатираше и Груевски, пораката е пратена. Сега, не треба многу филозофија за да се сфати дека Заев неповратно ја троши својата употребна вредност. Дека таа употребна вредност се троши и за многу кретеноиди кои сметаат дека такви кретеноиди всушност вчера се излеале по скопските улици или за оние директори и газди на телевизии кои на времето не можеа да ги извлечат од панталоните на некои повидни вмровци, а сега мрчат дека било режим. Таа употребна вредност беше исцртана со договорот со Бугарија, Законот за двојазичност и федерализација на РМ и идниот т.н. договор со Грција кој реално гледано е всушност класична капитулација. Сега, дилемата за Заев е што е подобро: дали да ја заврши работата заради која што е октроиран и при тоа да си обезбеди за себе и заштита (веројатно е дека таа заштита досега се обидел да ја испазари), со ризик како во случајот со Радован Караџиќ или оној тип од Грузија кој сега е во Украина (како и во многу други случаи) утре таа и да не важи, а после тоа да замине во историјата, или да се обиде да го оддолговлекува целиот пакет со Грција (промена на име, идентитет и се друго) и на тој начин да си го продолжи животот се до моментот додека не биде сигурен дека заради предавствата си обезбедил иднина како и Љупчо Георгиевски или Бранко Црвенковски. Во првиот случај, иако е крајно проблемаично дали тој всушност може било што да избира и да се ценка, него му треба итно членство во НАТО, што нема да му го поправи рејтингот, но ќе му овозможи да води пропаганда уште некое време, а во вториот, сосема сигурно тој ќе се обиде Македонија и народот да ги третира во стилот на „ќе влада“ односно во стилот на магаре кому на стап му ставиле морков неколку педи пред носот. Тоа значи пропаганда дека во Македонија само што не стигнале 500-те евра плата, само што лекарите не добиле 100.000 денари месечно, само што Македонија не станала членка на ЕУ кога ќе почнат да течат реки пари од Скопје до Делчево и Гевгелија и од Тетово и Охрид до Крива Паланка и само што во Македонија не почнало да се живее просечно по 100 години. Зашто, нели, оваа нелегална влада вети „живот“? А каков е тој живот ако просечниот век на луѓето не стигнал до 100 години, туку веројатно и се намалил. Но, која и од опциите да ја избере, за Заев нема спас. Тоа е синоќешната порака која е битна не само за него, туку и за сите оние послушници од типот на Кацарска кои, за кусо време ќе бидат оставени на ветрометина и ќе зависат од тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го земе нивното досие в раце или ќе го остави во стилот „да гледаме напред, а не назад“, што сигурно нема да му биде простено не само од тие што синоќа беа пред Владата, туку и од тие што не можеа да бидат таму од различни причини. Зашто, не треба многу да се објаснува дека, ако тие луѓе вчера немаа страв да излезат, карта кон што беа насочени обвиненијата за тероризам по ланскиот 27 април, приказната на СДСМ е завршена. Патем, не треба многу да се објаснува кон што ќе биде насочен притисокот врз ВМРО-ДПМНЕ од овие луѓе, бидејќи, како што рече вчера една јавна личност присутна на митингот – овде сме условно. Што е за прв пат веројатно во историјата на Македонија луѓето да дојдат на митинг, а во главата да имаат услови кои една партија треба да ги исполни во иднина. Не денес, не утре, но не и по пет или десет години. Основниот услов е ВМРО-ДПМНЕ да не дозволи Заев и неговите, од дома или надвор, сеедно, да го фалсификуваат веќе извесниот референдум што СДСМ и ДУИ ќе го организираат со надеж дека ќе ги наполнат кутиите или фалсификуваат записниците како што ќе биде потребно. Зашто луѓето, оние обичните, се некоја чудна сорта или барем така им изгледаат на богатите. Одат со скинати чевли, јадат леб и сол, ама ги интересираат преговорите со Грција, за разлика од овие вториве кои со гнасење ги погледнуваат чевлите што чинат „само“ 500-600 евра (нивните ноженца не влегува во такви опинци оти се родени поинаку), ама утре би ставиле потпис на Република Вардарска Бановина. Зашто планот е очигледен: додека е ВМРО-ДПМНЕ во аут, да се изгласа организирање референдум и тој да се фалсификува. При тоа, не се има в предвид дека колку и да беше масовен митингот вчера, има уште многу пати по толку луѓе кои се уште имаат резерви кон секого, но на референдум или на избори не би гласале за капитулација пред Грција или за СДСМ, па дури и да ги тепаш. Тоа значи дека за разлика од СДСМ кој ги има впрегнато сите резерви кои му се на располагање (наликува на она кога во последните месеци пред самоубиството Хитлер ги мобилизирал и децата од по 15-16 години), ВМРО-ДПМНЕ се уште има простор кој може да го освојува. Заев направи неколку клучни грешки во измината година, откако го узурпираше премиерското столче. Тој и неговите беа доволно богати, слична е ситуацијата и со луѓето од неговиот прв ешалон, па можеше без сериозни проблеми да ја пресече корупцијата. Наместо тоа, тој ја крена на ниво на систем кој се граничи со нормално однесување, што е исто така за прв пат во историјата на Македонија. Излегуваш на говорница и без око ти трепне велиш дека брат ти купил некои оранжерии вредни три милиони, дека е се во ред кога некој ќе плати 700.000 евра, а потоа тие 700.000 ќе ги трампа за стан од 40 м2, сето тоа во полза на Заеви и сето тоа подведено под рамката „Дојде живот“. Втората грешка е што сивиот правен поредок во РМ го направи црн. Сите демек беа шокирани од снимките за „сваровски“ судството, а сега нема потреби од такви прислушувања: СДСМ и Заев јавно си нарачуваат пресуди и тоа го ставаат под графата „ветено-остварено“. Да мислиш дека тоа нема еден ден да ти се удри од глава е прилично наивно, независно од тоа колку заштити си си обезбедил. Тука е и минусот во економијата, со изгледи да стане безначаен минимален плус, секојдневното задолжување, непостоењето странски инвестиции (инаку Заводот за статистика секој втор ден ќе не бомбардираше со тоа колку е намалена невработеноста) и се разбира, фактот што мнозинството во Македонија и натаму е свесно дека ако си шарен се ти е дозволено, во спротивно ќе те изеде мракот. За неговите капитулации во однос на Бугарија, Грција итн, се чини не треба да се повторуваме. Оттука, за ВМРО-ДПМНЕ останува до крај да го расчисти патот до политичката елиминација на Заев и неговата тајфа, водејќи се од идејата Македонија од тоа да излезе со што е помалку штета, посебно не со штета што не може да се поправи. Отприлика како што Кутузов ги оставил Наполеон и неговите војници, со помш на козаците, да се уништат при повлекувањето. Можно ли е тоа? Нормално, иако пропагандно Заев и натаму е супериорен. Тоа, и поддршката што ја има од одредени кругови за клекнување пред Грција на Македонците кои се согласуваат дека се одродени Бугари, е последната негова одбрана пред да влезе во подземниот бункер. А, таа негова последна линија воопшто не е наивна. Така што, Кутузов е секогаш убава лекција, но во овие услови, во Македонија, тактиката ќе вреди само ако се модифицира согласно условите кои овде владеат. Ова, сепак, е друга земја и ова е сепак, 200 година подоцна. Дарко Јаневски за Денешен.мк |