Вторник, 05 Јуни 2018    PDF Печати Е-пошта
Денес на Македонецот му е потребно да му се слушне гласот

1111

Исповед на обесправен Македонец

Јас сум обесправениот Македонец од Егеј, од Желево, Леринско, а ќе ви зборувам како еден гол Македонец, измиен, исчистен од сите туѓи влијанија. Ке ви зборувам и не се плашам од никого: Ниту од србските, ниту од бугарските, ниту од грчките шовинисти. што повеке ке ми сторат? Ке ме тераат од мојата земја? Ке ми ги забрануваат националните и човечките права? Ке ме тепаат? Ке ме мачат? Ке ме колат? Се можат да прават ама не ке можат да ме изедат. Ке зборувам и вистината ке ја кажувам насекаде и на секој кој ке сретнам.

Маките што ги доживеав, маките што ги истрпив, трагедијата што ја истрга и ја трга мојот народ со зборови не се докажува, е многу голема, е многу тешка, е многу страшна, како некоја бура да помина И крена се; И дрва, И куќи, И луѓе, И деца оддели од мајки.

Некој од моите браќа и сестри ме советуваат да не барам многу одеднаш, да нему падни мачно на нашите непријатели и окупатори. Јас не барам туѓа земја, јас си ја барам мојата, тоа што нас ни припаѓа, тоа што ние наше, убаво и мило, тоа што ни го окупираа и ни го прекрстуваат; јазикот, песната и орото македонско што ни го забрануваат, јас си ги барам човечките правдини, јас си ја барам слободата.

Цврст како камен се сторив и солзи не капат од моите очи, капнав да се бранам од грчките шовинисти кои ја напаѓаат македонската нација, македонскиот народ и нашето постоение. Доста со пропаганди и напаѓаниа му велам; излезете од фанатизмот, излезете од хелинизмот и дојдете да седните на масата, не како фанатици, не како грци, да седнете како луѓе и да ја слушните нашата страна.И ние сме луѓе родени од мајки, не паднавме од небо и се најдовме во територијата македонска. Нашите дедовци и пра дедовци со илјади години живееја во Македонија, се бореа, ја бранеа и умираа за слободата на Македонија.

Не мие срам да викам и да се борам за човечките права.Не мие срам да ја кренам паролата и да демонстрирам, но сам ништо не ке можам да сторам. И ти, И тој, И таа сами ништо не ке можите. Треба сите заеднички и обединети.

Денес на Македонецот му е потребно да му се слушне гласот посилно и подалеку од било кога досега за да му донеси крај на грчката шовинистичка пропаганда која работи отворено по сите меридијани во светот; против македонската нација, против македонскиот народ, против нашето постоение. Иљадници Македонци по сите меридијани во светот денес живеат со страв како призионери под таа пропаганда и дискриминација. Ете зошто е потребно нашиот глас да се слушни посилно И подалеку. Ова ке можеме да го сториме ако работиме убаво и сложно, ако бидеме цврсто поврзани, заеднички и братски обединети.

Ѓорги Ф. Тодоровски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.