|
||||
Добрососедство не се гради со провокации |
Македонија е гордо име од чија големина се плашеле сите оние кои низ вековите владееле со нејзината територијата. За да ги задржи во покорност Македонците, нема владетел низ истоторијата кој не се обидувал да го избрише споменот за Филип и Александар Македонски. Римјаните, Византијците, Турците, Грците, Србите и Бугарите ја делеле земјата на мериди, провинции, теми, вилаети на кои им давале разни имиња, а македонскиот народ различно го именувале како Словени, христијани, раја и слично, се за да се избрише нивниот идентитет. Меѓутоа, никој од нив не успеал ниту да го избрише името, ниту да ги асимилира Македонците, кои од колено на колено со шепот ја пренесувале својата сторија за потеклото. Македонците се како пиреј, трева, која, како што вели писателот Петре М. Андреевски, колку и да ја корнеш, колку да го кубиш, тој пак не умира. Иако османлиите особено ги ценеле Македонците, и тие, како и другите ја продолжуваат политиката на негирање на македонскиот народ. Со наредба на Неговото величество султанот од 7 април 1903 година, се известува дека: „Да се исфрли од употреба овој термин, бидејќи без тоа е уништен нашиот внатрешен живот, бидејќи ако се прими овој термин во иднина ќе ни донесе штети. Македонија не постои, македонската нација не постои. Македонија мора да се нарече Јужна Србија. И тоа е неправилно, но терминот „Јужна Србија“ добил граѓанство.“ Македонците и македонското прашање не престанува да го тресе Балканот и во периодот меѓу двете светски војни. Српскиот професор Никола Вулиќ од Државниот универзитет на кралска Југославија во еден говор пред елитата на српската интелигенција во Српскиот културен круг во Белград, ќе изјави дека терминот „Македонија“ е релативен и треба да се исфрли од употреба. Во резиме на говорот кој може да се најде во весникот „Време“ од 16 ноември 1939 година, Вулиќ објаснува: „Да се исфрли од употреба овој термин, бидејќи без тоа е уништен нашиот внатрешен живот, бидејќи ако се прими овој термин во иднина ќе ни донесе штети. Македонија не постои, македонската нација не постои. Македонија мора да се нарече Јужна Србија. И тоа е неправилно, но терминот „Јужна Србија“ добил граѓанство.“ Дека Македонците и Грците не се еден ист народ, го потврдуват историските податоци кои велат дека Македонците говореле на свој мајчин јазик и не знаеле грчки. Според Тукидид, разликите меѓу Грците и Македонците се воочуваат во карактерот и начинот на живеење, а со таква спротивност на обичаиите не може да се каже дека станува збор за ист народ. Само да ги потсетиме Грците дека ако Македонците и Грците биле ист народ, тогаш Александар немал потреба да се нарекува крал на Македонците и Грците, туку само на Грците. Добрососедство не се гради со провокации. Наместо да продолжат со негирањето на македонскиот народ, многу е подобро да го признаат, да си подадат рака и да се помагаат еден со друг, особено сега кога светот се престројува. Секоја друга опција води до уште поголеми поделби со несакани разврски. Македонска нација |