Сабота, 09 Јуни 2018    PDF Печати Е-пошта
Грција е непријател на Македонија од најжесток вид

MN MKМакедонска нација

По којзнае кој пат од Брисел ја слушаме истата песна кога е во прашање интеграцијата на Македонија во Унијата и во НАТО. Не било само до реформите, не се доволни исполнетите критериуми врз основа на кои секоја земја кандидат станува полноправен член на заедницата. За нас важат други правила. Од нас не бараат компромис за името со Грција, иако тоа го преповторуваат постојано, туку промена на нашето име, по кое би следел и нов циклус на продор во идентитетот, јазикот, културата...

Европа е доволно зрела демократија и има високоцивилизациски вредности, но се уште не се ослободила од национал-сицијализмот на неколку нејзини земји, кои се обидуваат тоа да го наметнат како правило на игра.

Да чепкаш во туѓ идентитет, во туѓо име, традиција и историја и тоа во 21 век, претставува најблаго речено узурпаторство на слободата на еден народ, што е најстрого забрането во меѓународното право. А, Европа директно учествува во тоа.

Од друга страна, во случајот со името не станува збор за никаков компромис меѓу Македонија и Грција, иако Европа шаблонски го преповторува тоа. Можно ли е Брисел да не го знае вистинското значење на поимот компромис?

Компромисот претставува доаѓање до решение со обострани отстапки. Што во случајот отстапува Грција и за каков компромис се бори? Нејзината дозвола во нашето име да се најде зборот Македонија не е никаква отстапка. Тоа не е компромис. Тоа е вешта манипулација со земјите од ЕУ за прикажување на лажна конструктивност во спорот. Европа го знае тоа, но се солидаризира со Атина.

Грција би направила компромис кога би го признала постоењето на македонското малцинство во егејскиот дел од етничка Македонија и би ги унапредила основните човекови прави на Македонците таму. Тоа е компромис, ако сака Македонија да биде конструктивна во спорот и да прифати некаква географска модификација на името. Ако се има предвид дека Грција тоа нема никогаш да го стори, тогаш за компромис не може никако да се зборува.

Грција преку своите дипломати постојано ни укажува дека сака пријателски односи со нас и дека таа е земја пријател на Македонија. Никако не можам да ја сфатам оваа ораторска перверзија на Грците. Земја која секојдневно работи на моето уништување како земја, како нација, како јазик, историја, култура, традиција, вели дека ми била пријател. Напротив.

Грција е непријател на Македонија од најжесток вид.

Окупацијата во 1913 година на 51 % од територијата на македонската земја, уништување на се што е македонско во Егејска Македонија, егзодус во 1948 година на илјадници Македонци кои се прогонети од своите родни огништа, студена војна во декадите кои следуваат против се што е македонско ширум светот, ембарго веднаш по прогласувањето на македонската независност во деведесетите години, обид за делба и на денешна Република Македонија (наводниот договор Милошевиќ – Мицотакис)..... да не редам уште. Ова е земјата пријател на Македонија? Простете. Јас во оваа земја гледам душман кој не бира средства за да не уништи.

Но, не е само Грција проблемот во оваа драма.

Ако Европа ги застапува грчките погледи и ставови по прашањето на Македонија, реална е констатацијата дека таа Европа нам ни е неискрен пријател.

Се прашувам, која е потребата да бидеме дел од едно друштво кое не не‘ почитува вакви какви што сме?

Дали е корисно нашето присуство во такво друштво?

Што уште треба да ни кажат за да се освестиме?

Знам, „проевропските„ сили кај нас на ова ќе речат дека ние, ваквите какви што Господ не дал, само си создаваме непријатели. За нив Европа е света работа и само за да имаат „пријатели„ и кичма ќе свиткаат и име и јазик ќе променат. Се за таа Европа.

Често во умот ми се навраќа познатата констатација на професорот Марјановиќ, кој постојано ја кажуваше за Европа. Ја нарекуваше ороспијата од Вавилон.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.