Вторник, 26 Јуни 2018    PDF Печати Е-пошта
Претседател на РМ Ѓорге Иванов: не прифаќам промена на Уставот со цел промена на уставното име

Ivanov 2

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, донесе одлука да не го потпише Указот за прогласување на Законот за ратификација на Kонечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година, и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните.

Интегрален текст на Соопштението на кабинетот на Претседателот Ѓорги Иванов:

Во извршувањето на функцијата Претседател на Република Македонија секогаш постапувам одговорно и своите права и должности ги вршам врз основа и во рамките на Уставот, законите и интересите на Република Македонија.

Затоа, врз основа на член 75 од Уставот на Република Македонија, донесов одлука да не го потпишам Указот за прогласување на Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година, и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 20 јуни 2018 година.

Одлуката ја донесов поради следните причини:

1.Немам мандат да го потпишам Указот за прогласување на законот за ратификација на оваа спогодба. Еден од столбовите на мојата политика во изборната програма од 2014 година е дека „не прифаќам промена на Уставот со цел промена на уставното име.

Не прифаќам идеи или предлози што би ги загрозиле македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот.“

На претседателските избори 534.910 граѓани гласаа за оваа моја изборна програма и ме избраа на функцијата Претседател на Република Македонија.

2.Спогодбата излегува надвор од опфатот на резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, затоа што во нив се зборува за „разлика околу името на државата„, а не за „разлики“ како што зборува оваа спогодба.

3.Спогодбата нема уставен основ и не е ратификувана во согласност со Уставот. Според член 118 од Уставот на Република Македонија меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок.

4.Законот за ратификација на спогодбата не е во согласност со член 51, член 118 и член 119 од Уставот на Република Македонија.

5.Спогодбата ја доведува Република Македонија во положба на потчинетост и зависност спрема друга држава, односно Република Грција. Според член 308 од Кривичниот законик, „Граѓанин кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор од најмалку пет години“.

Озаконувањето на оваа спогодба создава правни последици што се основа за кривично дело.

д-р Ѓорге Иванов

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.