Објава на Борислав Стоилковиќ на својот ФБ статус:
Господине Селмани, јас во ниеден мој текст го немам навредено премиерот кого лично не го признавам за премиер.
Naser Selmani Како претседател на ЗНМ, упати критика до мене и мојот начин на поставување прашања кон политичари или јавни личности од политиката дека прашањата биле премногу дрски, конфузни и со наврдлив тон кажани. ------------------------------------------------------------------------ (тонот на кој сум ги кажувал вербално прашањата, предизвикувал немир kaj тие кои ги прашувам) ------------------------------------------------------------------------ Но во моите прашања, никаде не употребувам погрдни и навредливи зборови кон тој кого го прашувам. ------------------------------------------------------------------------ (единствените погрдни и навредливи зборови кои беа упатени кон јавна личност од моја страна беше, кога повторно не директно, туку уснимен во директен пренос кога зборам на друг човек во афект и под дејство на хемиски средства употребени од поицијата, а таквите зборови беа упатени кон еден амбасадор, на кој официјално јавно му се извинив) ------------------------------------------------------------------------ Инаку во исто време господинот Селмани, не сакаше да ме слушне или да ја слушне мојата страна за случувањето, за кое ме критикуваше во соопштението од ЗНМ и за тоа зошто бев уапсен од страна на полицијата па потоа ослободен, но не по негова ургенција. ---------------------------------------------------------------------------- Ако моите прашања се ДРСКИ, со тоа што се директни и црно бели, господине Селмани, тогаш ОВОЈ и ваквите текстови во сите портали и медиуми подржувачи на оваа НЕ ЛЕГИТИМНА и ОКУПАТОРСКА ВЛАДА, а и ПАРТИЈА НА ВЛАСТ, што се? Благо приемчиви раскази? Господине Селмани. --------------------------------------------------------------------------- Или за нив не важи, тоа што важи за мене? --------------------------------------------------------------------------- На пример господине Селмани, јас во ниеден мој текст го немам навредено премиерот кого лично не го признавам за премиер, а му се обраќам со ГОСПОДИНЕ ПРЕМИЕР, во ниеден текст го немам навредено ниту Претседателот на Собрание за кого исто така велам дека е избран не легално на таа функција, но и нему му се обраќам со Претседателе на собрание, кога му поставувам прашање или кога пишувам за него. Како тогаш моите прашања се ДРСКИ и предизвикуваат немир, а ваквите писанија каде што Претседателот на Р. Македонија Др. Ѓорѓе Иванов го ословуваат само со ИВАНОВ (како да чувале овци заедно) или со предлози на БИВШИ особи дека требало да се толкува уставот, а истите тие такви особи за други прашања велат дека ПРАВОТО не познава толкување, туку само ЈАСНО ЧИТАЊЕ на законите онака како што се напишани или на само наречени политички аналитичари дека требало да се прави психијатриско вештачење за да се утврди деловна способност на Човек избран непосредно од ГРАЃАНИТЕ со повеќе од 500 000 гласови, не се ДРСКИ и безобразни? ----------------------------------------------------------------------------- Дали со вакви писанија не се повикува индиректно на УБИСТВО или на ОНЕСПОСОБУВАЊЕ на Предтседателот на Р. Македонија за да може да се овозможи како во 1995 година поради АТЕНТАТОТ на тогашниот Претседател, претседателот на собранието да потпишува во негово име? ------------------------------------------------------------------------------- Дали и во таков случај истата дотична БИВША особа ќе бара толкување на Уставот? ------------------------------------------------------------------------------- и Дали и тогаш ЗНМ ќе излезе со штуро соопштение дека НОВИНАРИТЕ НЕТРЕБА ДА БИДАТ ТЕПАНИ И АПСЕНИ, ОСВЕН ДОКОЛКУ НЕ ЗБОРЕЛЕ МНОГУ? |