|
||||
Македонците имаат право да се борат |
Поранешниот австриски амбасадор: Ако го принудат Иванов да попушти, мултиетничка Македонија ќе се поделиСуштината на платформата од Тирана е создавање бинационална држава, чија крајна цел е отцепување на деловите каде што живее албанско население, вели во опширна и детална анализа за интернет-порталот „Вишеград пост“ поранешниот австриски амбасадор во Македонија, Харалд Kочи. Ексамбасадорот (од 1997 до 2002 година) во дипломатските кругови важи за голем познавач на актуелните состојби во сегашна Македонија, но и на историските факти и нивните импликации денес. Уште на почетокот на анализата Kочи поентира зошто Македонија се најде во ваква ситуација. – САД и нивните делегирани агенти во Брисел, како и НАТО и ОБСЕ, две децении се мешаат во домашните работи на оваа суверена држава – на локално ниво преку своите амбасадори или директно од своите градови – и затоа со право може да бидат наречени „квазиводачи“ во земјата. Поткрепена со ваквите мешања, долготрајната политичка криза во Република Македонија се приближува до кулминација и секоја минута може да прерасне во насилни судири. Па така, во ситуација кога Собранието се свикува нелегално – по интервенција од надвор, за да се искористи новото мнозинство за избор на влада, со исклучување на претседателот на државата – на неуставен начин – алармот свети! – предупредува Kочи во првите редови од анализата. Според него, „тивките“ советници од надвор сакаат да го принудат Ѓорге Иванов да именува коалициска влада составена од етнички македонската Социјалдемократската партија и сите партии на етничките Албанци. – Ова ќе биде чекор кон поделба на мултиетничката земја и тоа по должината на нејзините јазични граници – потенцира дипломатот. „Мирните протести наспроти ланските хулигански демонстрации“ Понатаму во текстот, Kочи прави споредба на актуелните протести за кои вели дека се мирни и достоинствени, за разлика од протестите „на хулиганските демонстрации од претходната година поттикнати од Соросовата мрежа, кои оставија зад себе штета на јавните објекти видлива и денеска“. – Денешните протести или се игнорирани од меѓународните мејнстрим-медиуми или не ја пренесуваат вистината за протестите – пишува тој. Осврнувајќи се на етничкиот состав на Македонија, за да ги запознае читателите на неговата анализа со фактичката состојба, Kочи посочува дека најголемото малцинство во земјата се Албанците, кои, според последниот попис, се 25 проценти – бројка во која тој се сомнева. – Денес, бројот на албанската заедница е контроверзен. Според официјалните бројки, таа е 25 отсто од вкупниот број на населението, но пописот од 2002 година, врз кој се заснова оваа бројка, најверојатно, е спроведен со многу нерегуларности – нагласува тој. Според поранешниот амбасадор, пописот бил спроведен во т.н. Потемкинов стил, односно одредени македонски села со години празни биле претставени како полни со живот, за да се изманипулира со конечната бројка на албанско население, и сето тоа, како што вели, потпомогнато од „Албанците од Kосово, кои играа улога на станбено население во Македонија“. Одложувањето нов попис, од 2012 година наваму, вели Kочи, е поради албанските политички фактори што не ја сакаат на виделина вистинската слика. – Тешко дека бројот на албанските жители е повеќе од 15-16 проценти, како што може да се види според податоците содржани во документација на фондот за осигурување, МВР, центрите за социјални работи… – додава поранешниот амбасадор. „За албанското население, Македонија не е матична држава“ – Поради тоа Македонија е спречена да се развива во мир. Степенот на лојалноста на Албанците кон Македонија се гледа во фактот што во целото албанско говорно подрачје само албанското знаме е истакнато на јавните објекти, улиците и јавните места – нагласува дипломатот. Тој оценува дека Албанците во Македонија се највисоко на скалите и во позиција да ја движат играта, кога, како што вели, на нивната партнерска страна е лидерот на СДСМ, Зоран Заев – за кого Kочи нема високо мислење. – Овој човек е управуван од страна по само еден мотив – неговата лакомост да ја врати својата партија на врвот по повеќе од 10 години, за која цел е подготвен дури е да му ја продаде душата на ѓаволот. Со активно учество на „квазиводачите“ тој работеше на договор за коалиција со сите партии на етничките Албанци, со цел да стигнат до парламентарно мнозинство. Неговото јадро е спроведувањето на „Платформата на Тирана“ – вели Kочи. Тој додава дека судејќи според содржината на платформата, нејзината цел е создавање бинационална држава од Македонија. Во таа насока ги критикува двојните стандарди на Европската Унија, според која е незначително кога шеф на друга влада, во случајот Еди Рама, се меша во внатрешните работи на држава што не е членка на ЕУ, а кога турски политичари прават кампањи на нејзина територија, тоа ја вознемирува. Kон крајот на анализата Kочи потврдува дека позадината на крајната цел на тиранската платформа е Џорџ Сорос и не предвидува лесна и безболна завршница на голготата. Во насока на изразување поддршка на актуелните протести за отфрлање на тиранската платформа, Kочи посочува еден цитат кажан пред околу четвртина век од еден од најуспешните германски писатели и драматурзи, Бото Штрауз. Децениска амбасадорска кариера |