|
||||
Република Македонија со потпишувањето на двата договори според мене капитулира |
Каролина Ристеска
Како ја коментирате новонастанатата ситуација во Република Македонија?
Република Македонија со потпишувањето на двата договори според мене капитулира од една страна. Што значи тоа? Тоа значи дека целите, поради кои беа насилно инсталирани од страна на Западот овие т.н. политичари во самопрогласената влада, ги остварија: обезличување и создавање на нешто ново од земјава, нешто што ќе нема допирни точки со Македонија и Македонците. Од друга страна пак кажете ми вие, каде се видело да бришеш историски народ кој како пиреј никнува и повторно како феникс се раѓа? Сега ние Македонците гледаме личносно со свои очи и слушаме секојдневно за новонастаната ситуација на нашето бришење како ентитет од нашата мила земја Македонија. Тие не однесоа на север!? Далеку од сржта на нашето битисување. Едно ќе побарам од сите вас: најдете фрескопис во некоја црква на Балканот или во целиот свет каде ќе пишува грчко царство! Нема да најдете со гаранција. Целиот свет да го прошетате 360 степени јужно, северно, западно и источно вие грчко царство нема да најдете и крај. Тука е болката на нашиот јужен сосед. Македонија е божја земја запишана во Библијата. Денес тоа го научија и најтврдокорните противници на нашето име Македонија, Македонец, македонски. Јасно им е дека без македонштината Грција е празна вреќа! Затоа беше овој грозоморен план далеку пред оваа новонастаната ситуација. Создаден да ја уништи нашата историска срж мислејќи дека така ќе направат комплетно наше уништување, а нивни историски успех. Успеаа! Најдоа луѓе по нивниот калап и мерка да ги исполнат нивните планови и желби, со други зборови да ја спасат „празната вреќа“ т.н. Грција. Има една многу важна мудрост во Библијата: како куќа чии што темели се на песок, па при првата поплава и бура, ќе се сруши така и куќа која е изградена врз бетон ќе остане цврста на сите бури и поплави. Сега ако ме прашувате дали Македонија е куќата со цврстите темели одговорот е цврст и решителен:ДА. Оваа новонастаната ситуација со ништо нема да ја разниша нашата историска вредност. Тоа го знаат само врвните Македонисти. Еднаш Јуџин Н. Борза напишал во неговата книга „Македон во сенката на Олимп“ - Македонците од своето формирање како држава и народ биле и се посебен етникум." Колку и да пишуваат нова историја, колку и да уништуваат книги, колку и да ни ставаат епитети и имиња, ете и знамето ни го сменија, ние Македонците сме пиреј, пак ќе изникнеме. Ние на западот сме им трн во око да се разбереме еднаш засекогаш. На балканот името Македонија е постаро од сите денешни новосоздадени држави и тоа е неизбришлив факт и вистина. Мои сакани Македонци бидете храбри и запомнете дека нашата земја раѓала и јунаци и предавници но, Библијата засекогаш останува нашиот жив и вечен доказ на овој свет дека сме Македонци од Македонија и кој нема никој да успее да го уништи за век и веков. Да, мој народе жива е Македонија. Амин.
Пишува: Каролина Ристеска
МАКЕДОНСКОТО ЦАРСТВО
ЦАРСТВО МАКЕДОНСКО
МАКЕДОНСКО
МАКЕДОНСКО
МАКЕДОНСКО
ЦАРСТВО МАКЕДОНСКО
МАКЕДОНСКО ЦАРСТВО
МАКЕДОНИЈА ЦАРСТВО
MACEDONIA
МАКЕДОНИЈА РАЃА И ЈУНАЦИ И ПРЕДАВНИЦИ
МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ
БЕЗ КОМЕНТАР
Јуџин Н. Борза напишал во неговата книга „Македон во сенката на Олимп“ - Македонците од своето формирање како држава и народ биле и се посебен етникум."
|