|
||||
Египетските археолози пред откритето на векот: Ковчегот на Алексaндар Велики или Пандорина кутија? |
Египетските археолози пред откритето на векот: Ковчегот на Алексaндар Велики или Пандорина кутија?Египет е познат како „лулка на цивилизацијата“ и во неговите археолошки наоѓалишта се ископани дел од најголемите откритија и историски тајни за човештвото. Археолошкото откритие во Египет можеби е откритие на векот. Ковчегот со димензии 185 на 265 на 166 сантиметри е најголемиот најден досега во овој град. Она што го прави овој сакрофаг уште помистериозен и посебен е фактот дека не бил отворен 2.000 години, пишува списанието „Smithsonian Magazine“. Ограбувачи на гробници испеале да отворат неколку околни гробници низ вековоите, но овој огромен гроб останал недопрен бидејќи бил запечатен со смеса слична на малтер. Се смета дека гробот откриен на околу 4,87 метри под површината, датира од времето на Птоломејската династија што владеела од 305 до 30 година пред н.е. Црн гранитен саркофаг стар повеќе од 2000 години или Пандорина кутија? Никој нема да дознае додека не го отвори. Проблемот е што не е познато што има внатре, а тоа може да биде почеток на прилично реалистичен хорор филм. Министерството за култура во Египет објави во почетокот на јули историско откритие. Откритието е најдено за време на рутинските ископувања за изградба на нова зграда во Александрија. Ова е најголемиот древен египетски саркофаг што некогаш бил пронајден, но никој не знае кој лежи во него. Некои истражувачи тврдат дека телото на Александар Велики се крие во ковчегот, а теоријата оди натаму поради машкиот саркофаг изложен на алабастер. Според археолозите, гробот е од периодот на Птоломејците, кој започнал по смртта на Александар Велики во 323 п.н.е. и продолжи со смртта на Клеопатра. Ако претпоставките на историчарите навистина се вистинити, веројатноста телото на Александар Велики да лежи во црниот ковчег е голема. Ова ќе реши една од најмистичните загатки на Антиката. https://skopje24.mk/egipetskite-arheolozi-pred-otkritieto-na-vekot/ |