|
||||
Македонската влада му додели концесија за марихуана на осуден шверцер од Албанија |
Македонската влада му додели концесија за марихуана на осуден шверцер од АлбанијаВладата, на 80-та седница, даде зелено светло за фирма која ќе може да одгледува канабис за медицински цели, чиј сопственик е во вторникот е уапсен од албанската полиција за шверц, објавија албаските медиуми.39-годишниот Фатмир Меркај, Генералниот директорат за царина го обвини за кривично дело шверц со друга стока, пренесува НетПрес. Станува збор за Друштвотo за производство, трговија, транспорт и услуги ФиМ 2017 ДОО Експорт – Импорт, во село Врапчиште, Гостивар за вршење на дејност одгледување на канабис за медицински цели. опственици се Фатмир Меркај од Тирана и Мирјана Кодра од Беловиште, Гостивар. Како вработени фигурираат Хаќиф Кодра, Ѓорѓе Гогов и Накшија Селмани. Тројцата се пријавени од 1.1.2018. Од истиот период до 30.06.2018 била вработена и Радица Аврамоска, дипл. фармацевт, чиј сопруг е вработен во ЕБР. Во ноември 2004 година Меркај прошверцувал еден камион со алкохолни пијалаци и суровини за нивно производство на граничниот премин Какавија. Се дознава дека Меркај е лицето кое гарантираше за шверцот на овие производи пред очите на царинските службеници кој претендираше дека е претставник на фирмата „Кондакчи”, со активност во главниот град. Во тој период не е регистриран правен процес за придружување на претходната стока заклучувајќи дека стоката била внесена во Албанија без да се плаќаат царински давачки. Обвинителството во Ѓирокастро пред две недели издаде наредба за притвор на Меркај за две кривични дела за криумчарење со друга роба и фалсификување на документи. Според веродостојни извори од обвинителството на Ѓирокастро за весникот „Панорама”, Фатмир Меркај предизвикал државна штета од 6500 евра со шверцувана роба која влегувала во Албанија. Покрај тоа, второто кривично дело што го погоди 39-годишниот бизнисмен е фактот дека фалсификуваше документи. Меркај е жител на Берат, Скрапар кое што е и неговото родно место и во Тирана. Во еден од пасошите што ги поседува, тој е именуван по друго име и презиме, кое според безбедносен извор од Обвинителството во Ѓирокастро е сменето по негово барање. Сомнежите што ги изнесе обвинителството за овој случај го поттикнаа да покрене обвинение за фалсификување документи, што се очекува да се докаже на следните судски сослушувања. Курир |