Среда, 25 Јули 2018    PDF Печати Е-пошта
Граѓаните не ја поддржуваат капитулантската Спогодба со Хеленската Република
alt

СДСМ се откажува од се македонско и ги крши законите, само за да ги прикрие украдените милиони на грбот на граѓаните

Зад кулисите на бришењето на името Република Македонија и откажувањето од македонската традиција, историја и култура, Зоран Заев и СДСМ го спроведуваат на дело најголемиот и најбруталниот грабеж.

Се краде безмислосно и бессрамно. Одговорност нема. Органите на прогонот се под целосна контрола и притисок на криминалниот картел на власт.

Наместо да се најдат на обвинителна клупа, осмничените продолжуваат да располагаат со парите на граѓаните и да ги прикриваат трагите.

Картелот на власт се откажува од се што е македонско, нашето име, јазик, историја, идентитет и култура, го промени Уставот, ги крши законите и процедурите, само за да ги прикрие украдените милиони на грбот на македонскиот граѓанин.

Владата на СДСМ ги користи овие темни моменти во македонската историја и матни времиња за исплаќање на долговите кон своите партиски послушници и полтрони. Буџетот на Македонија, преку Фондот за иновации и технолошки развој е оштетен за 10.5 милиони евра.

Во моменти кога економијата е во слободен пад, бруто домашниот производ бележи очајнички раст од 0,1 проценти во првиот квартал за 2018 година, а во 2017 економскиот раст изнесуваше 0 проценти, стотици илјади евра легнаа на сметките на фиктивни фирми, во сопственост на лица блиски до Заев и СДСМ. За трагедијата да биде уште поголема, во моменти кога милионски суми се доделија за наводни иновации, Македонија за 2018 година бележи пад од 27 места на скалата за иновативност.

Целта на ваквото криминално работење е евидентна, целта е купување на поддршката за промена на името и распродажба на државните и националните интереси.

Заев е видно исплашен, стравува дека нема да може да ги исполни концесиите кон оние на кои им ја ветил капитулацијата на Македонија. Граѓаните не ја поддржуваат капитулантската Спогодба со Хеленската Република, со која македонската нација, се претвора во вештачка нација.

Заев знае дека нема поддршка кај народот, Заев знае дека мора да си замине бидејќи на крајот Македонија ќе победи!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.