Среда, 01 Август 2018    PDF Печати Е-пошта
Да не помислите дека сме недоветни
11Војо Димоски
Да не помислите дека сме недоветни и дека сме ги купиле "правните" аргументи кои ги мантрате наоколу, а кои очигледно потекнуваат од ист извор. Од ист правен аналфабет!

Прочитани сте дека оваа сага околу консултативен/облигаторен референдум е со цел имање алиби, па на 30 Септември кога ќе доживеете дебакл во излезноста, да кажете дека без оглед на неисполнетиот уставен цензус мнозинството од тие што гласале, го прифатиле понуденото. И ќе ја терате пеколната агенда. Без усул и срам. Сакате да протнете големи теми со легитимитет помал од потребниот за избор на секретар на месна заедница. Ако сте решиле, терајте! Знајте дека правото е филигранска работа и не трпи насилна рака! Немањето закон и ред е лошо за сите вклучително и за Вас самите!

Немојте да се обидувате мене да ме книжите во некоја од дружините кои ви стојат на патот кон светлата иднина. Јас сум човек поединец. Татко, сопруг, син, брат, правнук на илинденци и свештеници, внук на антифашисти. Македонец! Истиот тој, што му рече НЕ на Марче кога неосновано ја бараше кожата на некои од Вас. Сега ви велам НЕ кога ја барате иднината на нашите деца и Татковината!

Да споделам дел од мојата интима: Ми се случувало да се приберам дома во глуво доба, после мачни увиди во кои буквално сме барале делови од човечки тела наоколу. Сум легнувал после тоа и сум спиел како бајче. Да, страшно било, ама длабоко некаде во себе есапиш дека било од Бога. Јас истиот, овие денови шетам низ куќи како сенка во глуво доба. Ме мачи она што го слушам од моите даскали по право кои прават умствени акробации за да Ве оправдаат и ми се руши сиот мој свет. Сочувствувам со нивната мизерија и не знам дали повеќе ме вознемируваат тие што зборуваат штогоде, или пак другите што молчат! Знам таа несоница од кого ми е, и знам дека не ми е од Бога!

Нека го читаат некогаш ова нашите деца и нека ни судат!

Нема правда, нема мир!

Слобода или смрт!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.