|
||||
Лин оrворено говорел дека Грците се прости, Грците се груби, Грците се глупи и завидливи... |
Лин оrворено говорел дека Грците се прости, Грците се груби, Грците се глупи и завидливи...
Најголемиот мит за Охрид, вистинскиот Ерусалим... за Кадмо, Дионис и убиството на Исус Ова е резултат од 20 годишно истражување на писателот Милош Линдро кој се посветил на украдената македонска историја и тајните кодови и знаци на христојанството. Дали Исус и христијанството се родени во Охрид, вистинсхиот Ерусалим, во Првата Вистина (Јустанијана Прима); која е причината за распнувањето нa Исус според таканаречениот Болоњски псалтир, ракопис украден од охридското село Рамне, а првпат печатен вo Париз 1746-та година; каков е мистериозхиот крст во Охридското езеро; зошто немало да има никаква Ренесанса во Европа ако нe билe украдени скапоцените книги на охридските манастири; зошто во Македонија веќе десет века доаѓале и доаѓаат тајни мисионери од Ватикан; дали апостол Павле уште во првиот век во Македонија го ширел христијанството меѓу образовани и писмени Словени - староседелци; зошто мапата нa Ерусалим е речиси идентична со мапата нa стариот Охрид? Тоа се само дел oд прашањата што уште пред дваесет години си ги поставил писателот Милош Линдро, а дури потоа, пред повеќе од десет години, јавно ги објавува одговорите дo кои дошол истражувајќи ги тајните шифри нa просторот околу Охрид, старите фрески, икони и книги. Која е, или, поточно, каде е вистинската татковина нa нашата стара христијанска вера; дали Охрид е вистинскиот Ерусалим, дали овој балкански Ерусалим е градот нa 'светиот крал' Давид и нa неговите синови Авесалом и Соломон; дали е градот нa Дионис и нa Хермес, па дури, може дa се рече, и градот нa Исус, градот нa неговите маки? Според Милош Линдро, писател и темелен истражувач нa скриени шифри во фрески, мапи и стари книги, градот Охрид е заборавениот балкански Ерусалим, градот нa светиот цар Давид, градот на Исус и нa неговите свети посланија. Истражувајќи ги над дваесет години тајните шифри нa христијанството, Линдро дошол до сензационални откритија дека, нa пример, во пештерата под Канео е роден Дионис, внук на Кадмо, основачот нa Охрид; дека таканаречената европска ренесанса се темели на украдените книги од Охрид, дека Исус е убиен поради крвна одмазда; дека во Македонија уште доаѓаат тајни мисионери за да го бараат клучот за шифрите во старите христијански книги однесени од балканскиот Ерусалим и друго. - Материјалите за тајните шифри на христијанството ги собирав повеќе од дваесет години, но тoа љубопитство трае и денес. Како што минуваше времето работите стануваа се' поинтересни и се' позагадочни, зборуваше уште во мај 2005 година истражувачот Милош Линдро. Всушност, првиот импулс и пресврт во моето интересирање за скриените тајни нa христијанството се случи во седумдесеттите години, кога кај нас беше објавена книгата 'Македонија во старите мапи', каде што Охрид се јавува под некопку имиња. Втор многу силен поттик беше една многу стара македонска народна песна эабележана и објавена од браќата Миладиновци во нивниот 'Зборник нa народни песни'. Таму има стихови за девет кучки ламји во окридско полe, кај цареви кладенци во кои стариот Свети Никола мy вели нa помладиот брат Свети Илија: 'Ти не можиш да погубиш ними. Тук да поиш во село Канео, таму имат сирота вдоица Оваа чудесна охридска песна е запишана пред 150 години, а е објавена во католички 3агреб вo 1861-та година. Таа опејува едно чудо, чудото нa спасението. Таа опејува двајца светци и едно дете, а детето е co божествена сила е Бог. Јас утврдив дека тоа дете е богот Дионис. Како? Детето е дојено од небото, а песната тоа преносно го именува кака посмртче. Дионис е дојден за да го избави народот што живее крај Светото езеро. А одама Титаните се космичките сили од кои целoто тогашно човештво било застрашувано. Се поставува прашањето каде е тоа 'село Канео' што се спомнува во песната како место каде што е родено и живее детето - Бог? Ha југозападннот брег на Охридското езеро токму под сегашната црква има една впечатпива карпа наднесена над водите на езерото. Таа карпа и денес се нарекува Канео. Врз неа има црква Cв. Јован од 14-ти век. Некогаш и вo пештерата која била нa најистурениот дел од неа во езерото има пештерна црква. Ете, токму таму е родено безименото дете -јунак, безименото дете - Бог, син на Диј, што значи носител на божествените сили. Детето, како што тврди песната е многу, многу посилно од стариот светец, господар нa молњите, од Свети Илија. Дете, а посилно од светецот што фрла молњи и громови! Балканската митологија посочува дека ова дете - Бог има и поголем брат-Хермес. Токму тој го прима својот Божествен брат Дионис и го предава нa една нимфа за да гo одгледува. Tаа нимфа во охридската песна е наречена 'стара, црна вдовица'. Инаку, Кермес односно Ермес, според моето истражување е роден малку подалеку од местотo на раѓањето нa својот помал брат, во малата пештepa кај сегашната црква Свети Еразмо. Кога станал маж, го добил синот Пан, кои некои го викаат Асклепиј, чија скупптура, заедно со онаа на Дионис, сега е во зградата нa Владата нa Македонија. Раното христијанство го знае како Пан-телејмон - просветлениот вo се'. За неговиот помлад брат Дионис на многу места се вели дека е 'второродениот', но и 'двапатиpoдeниот'. Првиот пат тој се родил од смртната жена Земела, која во истиот миг кога го родила била пеплосана. Tаa била избрана меѓy смртните жени да го роди Детето -Бог. А 3емела е ќерка нa Кадмо и Хармонија - ја објаснува тајната за почетоците на вистинското христијанство, вели писателот Милош Линдро. МИСТИЧНИОТ КРСТ BO ЕЗЕРОТО Cпоред нeгo, преданијата за тројцата браќа Кадмо, Финик и Килик, и за нивната украдена сестра Европа, имаат неколку варијанти. Bо една од нив, барајќи ја својата сестра Европа, храбриот Кадмо стигнува до големото, Бело езеро и тyка го изградува Ликнид - езерскиот град, Тоа го потврдува и Херодот кој открива дека токму Кадмо го подигнал античкиот град Лихнидон', далечниот претходник нa денешниот град Охрид. - Токму во Лихнидон, на брегот на Белото Езеро, Земела, ќерката на Кадмо и Хармонија, значи смртната Земела, го раѓа Дионис. И токму затоа детето - Бог ќе биде наречено Дионис – Ликнид, што ќе рече Дионис Езерски. А било веќе пророкувано дека ќе дојде Спасител на Светот, и дека тој Спасител ке го избави човечкиот род од ненаситните титани. Тоа дете - Бог се родило во пештерата Меру нa неколку чекори од Канео. Според народната песна запишана од браќата Миладиновци Детето - Бог ги победува ламјите спасувајќи ја земјата oд гладна смрт. Доколку нe се појавел Дионис целото поколение што живее од житото во охридското пoле ќе изумре од глад'. Се поставува прашањето кој народ живее нa пространството нa божјата интервенција во полза на тогашното човештво? Кој народ живеел на просторот нa Испратеното Слово, Победената сила и Стекнатата слава, и со што тoј, народ ја заслужил Божјата милост? Кадмејците биле оние племиња кои биле под власта нa Кадмо. Овие Кадмејци ја предале писменоста нa Елините. Значи, најстарата писменост се појавила нa Балканот. Дали боговите оставиле знаци за своето присуство точно тука, крај Белото езеро, нашето денешно Охридско езеро? Ha исток е Горица, нa запад е Лин, нa југ е возвишението со манастирот Свети Наум, а на север манастирчето Свети Стефан Панцир над Горица. Според легендата кога се градепе четирите цркви нa четирите бpeгa биле оптегнати јажиња. Јажињата формирале крст. Значи, вертикалниот крак нa имагинарнот крст запад-исток е долг 14 километри, а хоризонталниот од полуостров Лин и полуостровот Горица речиси половина од тoа. Четирите точки нa овој имагинарен крст се тие кои треба да бидат воочени вo пространството и да бидат препознати како божествени белези. Народот на Езерјаните ги славел своите млади богови Хермес и Дионис, помнејќи ја древната песна за божественото дете. Таа песна ја запишале браќата Миладиновци. Ho, требало да помине долго време за да се прочита тoа послание, посланието од епохата на титаните - вели Линдро. Вечер.мк |