|
||||
Ќе поднесам оставка ако на референдумот има повеќе гласови „против” од „за” |
Оставка на Заев кадар прв – по третпатЌе поднесам оставка ако на референдумот има повеќе гласови „против” од „за”, изјави во отвореното студио на 1ТВ во Охрид, премиерот Зоран Заев. И се ќе беше в ред ако угледниот, честитиот и достоинствен премиер на се уште Република Македонија, човекот кој додека го дише овој македонски воздух, додека го држи памет дека неговиот дедо, татко, сите негови претци, тој, неговите син и ќерка се Македонци, родени овде во Македонија, немаше да го смени името на државата, но и не само тоа, туку и веруваше дека не постои роден човек во Македонија, кој е подготвен да излезе пред Парламентот и да побара промена на Уставот заради промена на уставното име, човекот кој, сепак, ќе биде премиер на Република Северна Македонија, ова за првап го изјавува. За жал, не е така. Неговата оставка сега му доаѓа, со филмски жаргон кажано, како кадар прв-по третпат. А, уште колку пати ќе го „снима„ истиот кадар допрва ќе видиме. Да потсетиме, прво изјави дека ако не успее референдумот, ќе поднесе оставка на премиерската функција. Потоа, се направи на удрено и заборави на оставката, а евентуалниот негативен исход од референдумот го поврза со преземање на работите во свои раце од страна на институциите на системот. Сега оставката ја врзува со тоа ако на референдумот има повеќе гласови „против„ од „за„. Нешто како ајде да се залажуваме. Демек, народот е толку недоветен, па ќе се залета да излезе на суицидниот национален референдум за да го исполни цензусот само за тоа Заев да си поднесе оставка. И после го донеле Заев за да го смени името, ааајде мајкатааа, што би рекол самиот. Па, каде исчезна неговото уверување и убедување дека над 70 отсто од граѓаните ќе излезат на референдум? Од каде одеднаш сомнежи и недоверба во нив? Та, нели институциите на системот ќе преземат се? Со или без него!? Туку, прочитан е. И затоа никој не му верува. А, она неговото-зборот е збор-не вреди ни пет пари. Пишува: Предраг Димитровски |