|
||||
Македонска дијаспора: За името, јазикот, историјата, идентитетот не се преговора а најмалку уништува |
По повод изјавата на Министерот за дијаспора Адеми за гласање на претстојниот референдум, Координативното тело за протести на македонската дијаспора во Европа, го објавува следниов демант: Македонската дијаспора во Европа, Канада, Австралија, Америка веќе повеќе од две години , активно ги следи сите активности и антимакедонски мерки на сегашнава нелегитимна, анти уставна и анти македонска Влада и својата огорченост и несогласување ја изрази преку низа протести ширум светот. Чинот на министерот Адеми, да ги злоупотребува Македонците од дијаспората кои се наоѓат на годишен одмор и преку нив да врши агитација за нелегалниот референдум, претставува нискост и понижување којшто не оди во интерес на македонскиот национален интерес. Гласот и ставот на Македонската дијаспора во Европа, е кристално јасен и дефиниран , потврден преку низата масовни протести ширум континентот. Во нелегитимна, анти уставна и антимакедонска влада, избрана во ходник а не парламент кој доликува на европска правна држава, одговорот на дијаспората во Европа е , легитимно бојкотирање на нелегалниот и антиуставен референдум за промена на името. # Бојкотирам референдум за вечна Македонија Координативно тело на македонската дијаспора за протести во Европа, Женева, 12 август, 2018 година |