|
||||
Една од многуте лажги на Зоран Заев |
Зоран Заев даде изјава и гаранции со кои беа отстранети пречките за доделување на мандатот од страна на претседателот Ѓорге Иванов. Во изјавата се дадени гаранции во четири точки. 1. Гарантираме заштита на унитарноста, суверенитетот, територијалниот интегритет, независноста и мултиетничноста на Република Македонија. 2. Гарантираме заштита на уставниот поредок и територијалната целина на Република Македонија. 3. Гарантираме заштита на државните интереси и унапредување на животот на сите граѓани, без оглед на етничката, религиска и јазична припадност. 4. Гарантираме дека процесот на носење на одлуки за граѓаните на Република Македонија ќе биде во согласност со основните демократски принципи и владеење на правото, недоведувајќи ја Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема друга држава. Изјавата со гаранции потпишана од претседателот на СДСМ Зоран Заев. |