Вторник, 14 Август 2018    PDF Печати Е-пошта
Борбата Против Корупција е Основен Предуслов за Европска Перспектива

11111

ОМД: Борбата Против Корупција е Основен Предуслов за Европска Перспектива

Групата на земји од Советот на Европа со мандат да ја следи усогласеноста во стандардите во борба против корупцијата и организираниот криминал, попозната како групата „ГРЕКО“, во својот последен извештај за Македонија ја нагласи потребата од значителни реформи и напори за конечно приближување на земјата до европските анти-коруптивни практики.

Додека според ГРЕКО, Македонија не бележи напредок во борбата против корупцијата во законодавната, извршната и судската власт, според Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) борбата против корупцијата е основниот индикатор за тоа колку една земја е спремна за интеграција и членство во Европската Унија.

Извештајот на ГРЕКО кој ја вбројува Македонија во групата на земји со „разочарувачки напредок“, укажува дека само шест од вкупно деветнаесет анти-коруптивни препораки се спроведени во пракса. Според групата на Советот на Европа за борба против корупцијата, единствениот „делумен напредок“ во Македонија е усвојувањето на измените и дополнувањата на Законот за Судскиот Совет (од Декември 2017 и Мај 2018 година), додека најголемото „разочарување“ во земјата е забележано во контраверзното работење на Државната Комисија за Спречување на Корупција (ДКСК).

Корумпираното работење на институциите, ОМД верува дека не само што ја назадува Република Македонија и штети на нејзиниот углед како држава, туку воедно го одложува и нејзиното членство во Европската Унија. Очекувањата дека со промена на името на земјата, Македонија би се стекнала со кандидатски статус во Унијата, во кои околности пробемот со корупцијата би станал минато, ОМД верува дека се погрешни.

Според ОМД, решавањето на проблемот со корупцијата е предмет на домашна политика и предуслов за членство во Европската Унија, а не променлива вредност зависна од меѓународниот фактор и бенефит од членство во европското семејство.

Со цел успешно справување со корупцијата и подобрување на угледот на Република Македонија во меѓународната заедница, ОМД препорачува:

1) користење на придобивките од технолошкиот развој во следење на работата на институциите,

2) поставување на унифицирана казнена политика која важи подеднакво за сите, без право на политички имунитет,

3) практикување на поголема инклузивност на владиниот, цивилниот, корпоративниот, академскиот и медиумскиот сектор во донесувањето на одлуки,

4) препознавање на добри практики кои би служеле како поттик и пример за останатите општествени чинители,

5) воведување на транспарентност во институционалните расходи,

6) поедноставување на бирократските процеси за поефективна администрација, како и

7) имплементирање на меѓународните препораки и конвенции во борба против корупцијата.

Извешатајот на ГРЕКО е достапен на следниот линк: https://rm.coe.int/fourth-evaluation-round-corruption-prevention-in-respect-of-members-of/16808cc85f

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.