Четврток, 16 Август 2018    PDF Печати Е-пошта
“ИЗВИНЕТЕ СЕ И ВИЕ, ПОДРЖУВАЧИ НА ЗАЕВ!”

alt

Протоереј Љупче Петрески

“ИЗВИНЕТЕ СЕ И ВИЕ, ПОДРЖУВАЧИ НА ЗАЕВ!”

Апелирам до подржувачите на Заев и членовите на СДСМ, сите заедно да му искажете подршка на Премиерот со тоа што ќе го следите неговиот пример та и Вие понизно ќе им се извините на бугарите за непромислено искажаната невистина, од страна на Премиерот, дека Илинденското востание е македонско.

Цела седмица исчекував да видам некаква реакција од Вас, подржувачите на Заев. Ниту збор. Неубаво од Ваша страна. Не треба да молчите во вакви моменти. Ајде, огласете се!

Со таквиот чин ќе покажете како се негуваат и доградуваат добрососедските односи. Ќе покажете дека сте поголеми од нив. Ќе покажете дека гледате напред кон иднината, кон ЕУ и НАТО, дека не ви е важна историјата, немате назадни, регресивни погледи и дека тие, нашите соседи, особено бугарите и грците, се „единствените“ на кои им е важна историјата иако се членки на НАТО и ЕУ.

Можете да им се извините, во името на нашите предци, што, ете, во минатото, сме ги испровоцирале да бидат груби кон нас македонците, што сме ги „навеле“ да стрелаат студенти, да убиваат од „своите“ македонци. Извинете им се што сме ги принудиле да бидат крволочни ѕверови кон македонскиот народ.

Всушност, можете да отидете и еден чекор понапред од Премиерот и да им се извините што воопшто постоиме како Македончиња.

Верувам дека нашите мили соседи ќе бидат задоволни ако тоа го направите. Можете на социјалните мрежи, по примерот на Премиерот. Сите напишете по еден пост со извинување или со признание дека Илинденското востание не е македонско (на пр.„Мили наши соседи, извинете! Навистина, Илинденското востание не е македонско“. И толку!) и сигурно тоа ќе биде забележано од соседите и верувам дека на тој начин ќе ги омилостивиме.

Зошто токму Вие? Па, од Вас, гласачите на СДСМ, Премиерот ја црпи силата за ваквото негово однесување. Вие му давате легитимитет. Редно е, во овие тешки моменти за него, да покажете дека ги оправдувате неговите ставови, ако навистина ги оправдувате! Откажувањето од Илинденското востание, на крајот на краиштата, и не е којзнае што, нели?

Се случило во минатото, пред стотина години. Актерите одамна се претвориле во прав и пепел. Нема да биде голем грев ако „преминете“ преку нив а во корист на иднината и членството во ЕУ и НАТО, нели?

Претпоставувам нема да ви биде тешко да изговорите и напишете: Илинденското востание не е македонско! Ако, пак, Ви е тешко да ги плукнете тие зборови, ако не се согласувате со Премиерот, тогаш гукнете! Зошто молчите? Нели Премиерот се „крстеше“ во името „Република Илинденска Македонија“?

Доколку го направите тоа и се откажете од Илинденското востание во голем број, можеби ќе не преумите нас останатите …

Ајде, извинете се! Уште повеќе затоа што, очигледно, ќе треба да се навикнете да се извинувате. Ајде сторете го тоа во името на Премиерот, во името на нашите европски перспективи, во името на добрососедските односи, во името на МАКЕДОНИЈА!
Да ве видам!

https://markukule.mk/%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B5-%D1%81%D0%B5-%D0%B8-%D0%B2%D0%B8%D0%B5-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D1%80%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%87%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%B2/

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.