|
||||
Македонската Дијаспора остро го осудува договорот Заев -Ципрас |
Во просториите на Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ одржавме координативен состанок на претседателите на ЗК на ВМРО-ДПМНЕ со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Претставниците на ЗК го информираа претседателот за ситуацијата на македонците во дијаспората, пренесувајќи му дека македонската дијаспора од Европа, Америка и Австралија стои зад ВМРО-ДПМНЕ и одлуките на претседателот Мицкоски. Истовремено истакнаа дека Македонската Дијаспора остро го осудува договорот Заев -Ципрас и дека истиот нема да биде поддржан од нивна страна. Претседателот Мицкоски ги информираше за актуелната политичко-економска состојба во Република Македонија и за штетните политики кои ги води Зоран Заев. Заемно се заклучи дека политиките на Заев ја уништуваат Република Македонија и ја враќаат назад во минатото, истовремено создавајќи чувство на огорченост кон ЕУ и НАТО. Исто така беше изразен ставот на дијаспората дека Мицкоски достојно е на линијата на националните интереси на државата, Република Македонија. Иван Соколов-Координатор на Задграничните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ |