Понеделник, 20 Август 2018    PDF Печати Е-пошта
ДА ЈА ОДБРАНИМЕ МАКЕДОНИЈА!
alt

Тања Каракамишева

ДА ЈА ОДБРАНИМЕ МАКЕДОНИЈА!

Во животот секоја генерација Македонци има своја мисија и своја чест!
Нашата мисија и чест е повеќе од очигледна!
Одбрана на Татковината, одбрана на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
Иако можеби некому му звучи како клише и излитена фраза што се повторува сиве изминати 26 години, сепак сега, како никогаш до сега, работата е дојдена до коска. Веќе и на птиците и на сите животинки околу нас им е повеќе од јасно дека големото сценарио подготвувано со децении од луѓе однадвор годинава мора да го доживее своето гранд финале!
Тоа овојпат е видливо за сите, бидејќи е нацртано и повторено по неколкупати на истите линии со флуоросцентен дебел фломастер, така што само ќор или тотално нетокму човек не може или не сака да го види!
Токму оваа година е ХАМЛЕТОВСКАТА ГОДИНА за Македонците, да останат Македонци или не, и натаму да имаат СВОЈА ДРЖАВА, или да ја препуштат државата на соседите и на другите да прават со неа што им душа сака, да го зацврстат својот МАКЕДОНСКИ ИДЕНТИТЕТ, или да се препуштат на новите шнитови скроени во туѓи кројачки дуќани, да ја зацврстат СОПСТВЕНАТА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА, или да се препуштат на новите историски работилници кои ќе ни токмат нешто сосема ново и за нас неприфатливо, да ја задржиме МАКЕДОНСКАТА ТРАДИЦИЈА, или да трчаме по новите помодарски трендови кои не се наши, да го пуштиме подлабоко нашиот македонски корен, или да дозволиме истиот да биде целосно искоренет и на негово место да ни стокмат некој нов, северномакедонски!
Судбината е САМО и единствено ВО НАШИ РАЦЕ!
Дали и колку сме способни да имаме своја држава треба да докажеме ТОКМУ ОВАА 2018 ГОДИНА!
Или ќе го одбраниме своето право на национално и државно постоење согласно меѓународните правила и стандарди што важат за сите народи во светот, или ќе бидеме освоени, нагрдени, омаловажени и за навек избришани од картата на европските народи!
Одлуката за тоа е во рацете на македонските генерации што сега имаат можност да одлучуваат!
Не е во рацете на тие што ни ја оставиле државата, не е во рацете на тие што допрва треба да стекнат деловна способност да се грижат за државата, туку токму во нашите раце!
Сега треба машки и храбро да се издржат сите притисоци, сите уцени, закани, сите невољи, затоа што подоцна ќе биде веќе неможно да се бориме, неможно да кренеме глас во знак на отпор или некаква граѓанска непослушност!
Затоа токму сега ни е потребно да ги збиеме редовите, да престанеме да се кошкаме по партиски или други основи, да се обединиме како Македонци и да ја земеме судбината во нашите раце!
Откако ќе го направиме тој силен заеднички, непробоен ѕид кој ќе го спречи сценаристот да ни го зададе и последниот удар, потоа ни доаѓа уште потешката задача!
Потоа ќе треба ударнички да почнеме со реализација на новиот Македонски план за комплетно внатрешно реконструирање и ревитализирање!
Новиот Македонски план и програма од типот на Маршаловиот план за изградба на државата по сите европски и светски стандарди и правила, со сите нишани на нормална, здрава, витална и уредена држава со здрави и уредени политички и севкупни институции, со здрава и силна економија, со силен и организиран здравствен систем, со конкурентно образование, со пари што ќе одат во државата и кај граѓаните, а не кај криминалните шефови, со владеење на правото и уставниот поредок, а не на криминалците и нивните подземни босови, со вистински ресет на сите пори на општествениот, правниот, економскиот и политичкиот систем!
Македонија и Македонците, како и сите националности што сакаат да живеат со нас како рамноправни и еднакви граѓани имаат право да живеат нормален, човечки живот, да имаат пристоен стандард, да ги почувствуваат благодетите на организираната држава, да живеат во благосостојба со труд и резултати, да бидат водени од чесни и умни политичари, да имаат политичари домаќини што ќе им служат на граѓаните, а не на сопствените џебови!
Ќе биде потребна голема, мега акција за расчистување на со години напластеното ѓубре и отпад. Ќе треба ударна граѓанска акција да се исчисти тињето од корен, прво во партиите, а потоа и насекаде по институциите, администрацијата, полицијата, армијата!
По темелното чистење ќе следи уште потешка задача да се одберат некорумпирани, неуценети и чесни луѓе кои ќе ја тераат обврската за комплетен ресет и реорганизирање на системот и државата според новите правила!
Чесни и вредни луѓе, домаќини ќе треба да ги преземат полугите на делување и владеење на локално и централно ниво преку наметнување на паметни стратегии за доброто на сите граѓани!
Македонија ќе мора длабински да ги исчисти сите владини и останати административни редови од неспособни кадри кои освен со полтронство и упикување кај шефот не се занимавале со ништо друго во животот, не знаат ниту како поинаку да опстанат!
Неспособните луѓе треба да ги отстапат раководните места на тие што знаат, на тие што имаат визија и стратегија како понатаму! Е тука ќе биде ѓаволски тешко да се направи силен и конечен рез, но добро е што Македонија е мала држава во која сите се познаваме, сите ги знаеме способностите на другите, така што филтерот на квалитет ќе биде одговорен и ќе пробива натаму само според вистински критериуми, а не според татини и мамини, теткини и вујкови критериуми!
Да ги охрабриме способните и чесни граѓани да се нафатат на големиот план за ревитализација на државата по сите основи, да ги истуркаме личните профитери и цицачи од власта и на нивно место да поставиме лица визионери, луѓе со план и програма како да се дигне државата на нозе, како да го оправиме секое гнило ќоше во земјата, локално и централно!
Да ја вратиме вербата во политиката и политичарите!
Политиката да добие епитет на професија која не служи само за крадење и немилосрдно трошење народни пари од луѓе кои залутале во власта, туку да биде водена од луѓе со етички, визионерски и други професионални квалитети, луѓе со интегритет и лично достоинство!
Конечно да го ослободиме системот од транзиционите и вечни политичари од типот на Рада, Тито, Павле, и други кои не знаат две камчиња да стават едно врз друго, и на нивно место да поставиме квалитетни, стручни и оспособени професионалци кои ќе знаат што и како да сработат за доброто на сите! Да ги искористиме професионалните технократи што со години се поттиснати на страна и оставени да чмаат во позадина, луѓето што никогаш не добиле вистинска шанса да покажат што знаат и умеат да работат!
И не сакам да слушнам коментари од типот ама ова не е можно, веќе е предоцна за акција, веќе се е изгубено!
Ништо не е доцна, ништо не е изгубено, ништо не е неможно додека вистински не се изгуби!
Ако ВИСТИНСКИ ЈА САКАМЕ МАКЕДОНИЈА, ТОГАШ ЌЕ НАЈДЕМЕ СИЛИ ДА ПРЕЗЕМЕМЕ ГОЛЕМА, ГРАНДИОЗНА АКЦИЈА ЗА ТАТКОВИНАТА, СЕГА! Не утре, не задутре, АКЦИЈА СЕГА И ВЕДНАШ!
Македонија само со овој план, со оваа визија, со оваа голема идеја ЌЕ УСПЕЕ!
Се друго е замачкување очи и шарени лаги кои водат кон наша национална и државна пропаст!

Не случајно напишано на големиот Христијански празник, Преображение на Господ Исус Христос, 19. 08. 2018 година

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.