Понеделник, 20 Август 2018    PDF Печати Е-пошта
Постои случај на 6.000 вработувања спротивно на Закон на државен товар
alt

Владата да ги поништи огласите, треба кривично да одговараат министрите

Постои случај на 6.000 вработувања спротивно на Закон на државен товар.

На ова претходеше бришење на критериумите за административните службеници, но и тоа не Ви беше доволно и не сопревте, постапките не сте способни да ги спроведете.

Додека ги чекаме реформите кои ги најавувате во државната и јавна администрација, ретко неталентираните министри за финансии и информатичко општество и администрација, одговорија паушално како да сме ги прашале за семејниот трошок за годишен одмор во 2018 година односно според неколкуте портали одговорот од МФ и МИОА е:

  1. Позитивно одговориле на 417 годишни планови за вработување за 2018 година спротивно на Закон и истото го сториле поради изборен процес.
  2. Точната бројка на нововработени била 3.078 во државна и јавна администрација.
  3. 12.335 вработени си заминале од администрација од кои околу 4.000 работници биле на одредено време и не им е продолжен договорот, дел си заминале неколку илјади, дел се пензионирале и 511 добиле отказ.

Нашите индиции за организирана злоупотреба и грубо непочитување на законите и процедурите, притоа нанесувајќи му штета на Буџетот на Република Македонија, добија официјално признание со скандалозни размери!

Потенцираме,

Не постои законска можност за издавање на позитивно мислење на годишен план за вработување надвор од роковите предвидени со закон, додека коментарот поради изборите се пролонгирани роковите не е законска и е скандалозна од причина што со изборите се стопираат вработувањата, во никој случај не постоела забрана за изготвување на годишните планови за вработување.

Несериозно е лиферувањето на информацијата дека точната бројка на нововработени е 3.078.

Каков вид на вработување, во која институција, на кое работно место, со средства од кој буџет или сл, или доволно е само 3.078 сето останато е државна тајна или можеби се ваши лични податоци!?

Скандалозно е и објаснувањето дека 12.335 вработени си заминале од администрацијата и паушална оценка за основите на нивното заминување, додека како пофалба се истакнуваат дека 511 добиле отказ.

Министерството за финансии, кое исто така спротивно на закон има издадено 417 согласности на незаконски годишни планови за 2018 година, не ги интересираат вработувањата во институциите бидејќи функционерите парите за плати и придонеси ги носат од дома! Напротив, се најповикани да одговорат за секое поединечно вработување во институциите, не за профилот на вработените како што одговараат од министерството, за државните пари со кои се финансираат вработувањата односно од кој буџет се финансирани вработувањата, дали се планирани и сл.

После јавното признание и скандалозно незаконско вработување, ги повикуваме надлежните институции веднаш да отпочнат постапка и сериозно да истражат кој и во колкави мери ја злоупотребил својата службена положба и овластувањата, додека на најповиканите во овој скандал им препорачуваме:

  1. Сите согласности на годишните планови за вработување за 2018 година, кои сте ги издале спротивно на закон, да ги прогласите за ништовни.
  2. Сите вработувања на административни службеници во институциите, врз основа на незаконски годишни планови за вработување за 2018 година, да ги прогласите за ништовни.
  3. Драган Тевдовски, Дамјан Манчевски и Спасе Глигоров, да си поднесете неотповиклива оставка.
  4. Драган Тевдовски, Дамјан Манчевски и Спасе Глигоров, да си побарате ревизија за да се утврди колкава штета имате сторено.
  5. Драган Тевдовски, Дамјан Манчевски и Спасе Глигоров, да се пријавите во Основното јавно обвинителство и кривично да одговараат за злоупотреба на службена должност.

Граѓаните и даночните обврзници на Република Македонија, имаат право и очекуваат одговорност и јасни и прецизни одговори од институциите!?

СДСМ може, но и не мора да дава одговори, на сите веќе им е јасно!

Од прес конференција на Никола Мицевски, Пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.