Вторник, 21 Август 2018    PDF Печати Е-пошта
Македонија на референдум во 1991 веќе го потврди своето име–Република Македонија

sumМакедонската глобална координативна мрежа – СУМ, Сите за Унитарна Македонија,

Му се обраќа јавно на Проф. Д-р Методи Чепрeганов.

Почитуван  Професоре Д-р Чепрeганов,

Неизбежно, речиси цела држава Ве познава – што како Ваши пациенти, што  од Вашето медиумско присуство , пред се’ како врвен доктор по медицина, а потоа и по вклученоста во значајни настани и поврзаноста со други истакнати Македонци, потоа по музичка линија, локал патриотство итн.

Но, претставата за Вас како еден вид национална икона, кај многумина самите ја урнавте во 2-3 минути, на почитуваната ТВ 24, на 8 или 9 август, во интервју со тема „Излезе третото издание на енциклопедијата „Мозочни структури“, а еден од триесетте автори е и професор доктор Методи Чепреганов“ !

Тоа се случи со Вашето (јавно) фаќање страна за најавениот референдум на 30 септември, што во овој случај беше изразено со навредливи квалификации кон спротивно мислечките. Притоа, ја злоупотребивте својата струка и тоа го изнесовте со популарно-стручно „објаснување“ на психолошкиот профил (или менталната матрица) на бојкотарите!

Вие секако имате индивидуално право, како и секој, да мислите и постапите како ќе решите, но да давате „стручна“ оценка и да им натурите комплекс на тие што мислат спротивно од Вас, безмалку дека не се „токму“, а тоа се стотици илјади Македонци и државјани на Македонија, е скандалозно!

Зошто?

Ако сте супер, хипер стручен во Вашата област, не сте очигледно, (толку) стручен во толкување на општетсвено-политичките прашања, за да наметнувате свое мислење. Дали сте го прочитале Договорот Димитров-Коцијас и сте сигурни дека сте ги согледале сите правни, дипломатски замки? Простете, но не оставате таков впечаток!!!

Ако е тоа така, тогаш, ги погазувате врвните принципи на науката на која и’ служите, а тоа е внимателно, темелно истражување, согледување на факти, анализи па... заклучоци (научни) и тн.

Речиси никој од тие што најавуваат и агитираат за бојкотирање, не е ПРОТИВ ЕУ (за НАТО и така и така, процентот на поддршка е понизок) само што, тој пат го гледаат преку:

а) сочувување на вековните идентитетски вредности на Македонија/Име, историја, традиција и

б) не до благосостојба на државата преку фаќање за „појас за спасување“ наречен ЕУ, туку преку макотрпна работа, со свој труд и ресурси за расчистување со слабостите на системот (реформи) и за оздравување на економијата, а потоа, со исправен р’бет, достоинтсвено, ќе влеземе во клубот на избраните – во ЕУ!

Вам, „Манифестот на мотиката“ (позајмено од колумна на В. Андоновски) Ви е секако позната метафора, бидејќи освен дарба и  образование, сте вложиле многу труд пред да стигнете до позицијата на европски и светски стручњак! Како тогаш истиот метод не му го препорачувате и на својот народ на патот кон зајакнување на државата и светлата иднината, туку прибегнавте кон ефтините рецепти на власта, за „спас без алтернатива, последна, единствена шанса итн..„!  Зарем не гледате дека „светла иднина“ на Македонија според актуелната власт, е – самата држава, на соседните, наводно пријателски држави, да им даде алатки со кои дефинитивно ќе го толчат и уценуваат македонскиот народ и неговата матична држава Македонија, до целосно  обезличување/ исчезнување!

Имаме многу проблеми за решавање внатре, со нас, меѓу нас самите, но Професоре, верувајте, Вие не сте единствен што бил и се докажал во Европа! Изгледа како да освен Канал 24, немате пристап до други медиуми, портали итн., за да ги следите аргументите на врвни експерти, научници и тоа не само од Македонија, кои укажуваат на опасностите од евентуалната реализација на Договорот со Грција (секако и со Бугарија) и се против одржување на Референдумот! Меѓу нив има стручњаци од други области, кои стекнале или се на пат да постигнат  меѓународен углед; немате право да ги потценувате!

Македонија  на референдум во 1991 веќе го потврди своето име – Република Македонија,  кога прогласи осамостојување од претходната државна заедница! Ве молиме, кога ќе имате прилика да се сретнете со Вашите колеги од Европа, или барем од Франција, објаснете им што се случува во Македонија, која ете, под притисок, со извртени тези, без вистински аргументи, а со плитки ветувања кон народот (кого секако, го потценува и навредува и сопствената влада и меѓународната заедница), се принудува да го промени името.. видете како ќе реагираат, особено ако некој тоа од нив го побара!

Со почит,

СУМ – Сите за Унитарна Македонија/ Македонска Глобална Координативна Мрежа

Скопје, Август  2018 г.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.