Среда, 22 Август 2018    PDF Печати Е-пошта
Автономна Македонија

avtonomna original

Декларација на Лондонскиот  Балкански Комитет за провинција Автономна  Македонија

Англија и вистински хуманиот англиски народ, запознавајќи се добро со вистинската положба на работите во Турција, одамна уште зазборуваа за автономијата на Македонија. За ова прашање се интересираат подобрите англиски весници, зошто поголемиот дел од британската јавност е за Автономијата на Македонија. Тоа се потврдува и со последната декларација на Лондонскиот  Балкански Комитет за разделување на Европска Турција на три провинции: Автономна  Македонија, Автономна Јужна Албанија и Автономна Северна Албанија. Во англиските весници  долго нагаѓаа за целите на последното патување на НЦВ Фердинанд во Виена и Берлин. Times пишуваше дека Фердинанд добил согласност од Австрија и Германија за Автономијата на Македонија. Во истиот весник се вели дека патувањето на претседателот на бугарското  народно собрание, г-дин Данев во Русија имало исто таква цел – да дејствува во полза на воведувањето Автономија во Македонија. Франција чува строга неутралност по ова прашање, бидејќи  таа повеќе од сите има економски интереси во Европска Турција воопшто и во Македонија посебно. Општоевропската политика, гледајќи го безсилието на Турците како владеачка нација – од една страна, и нивната  грубост на азијатски деспоти  - од друга: забележувајќи го очевидниот стремеж кон прогрес на месното население – од една страна, и неговата политичка незрелост – од друга, се запира врз автономијата врз европските провинции на Турција како врз единствено рационално средство за разрешување на ВЕЧНО ИЗБУВЛИВОТО МАКЕДОНСКО ПРАШАЊЕ.

Ние тврдо веруваме дека Македонија заслужува автономна управа:

1) по својата културна состојба Македонија  стои повисоко  отколку Бугарија, Србија и Грција до своето ослободување;

2) шаренилото на етничките елементи во Македонија е лага на заинтересираните или наивните луѓе: во Македонија е поеднообразен етничкиот елемент, отколку во Бугарија или Србија, до ослободувањето;

3) најпосле, економската благосостојба на населението  во  оваа несреќна област на словенскиот југ при подобра администрација, за неколку години би се подигнала на достатно висок степен: земјоделството, сточарството, свиларството, пчеларството, овоштарството  и лозарството – сето тоа се златни извори  за трудољубивиот Македонец, а сето тоа денеска се закопани богатства.

Но за сето тоа подробно ќе позборуваме друг пат.

И така, при автономна управа, под контрола на европските сили, Македонија за децени ја – две ќе ги достигне своите соседи од север и од југ, како во културно – литературен, така и во економски поглед.

Некогаш Русија ги ослободи Бугарија и Србија и го постави почетокот  на политичката самостојност на Јужните Словени. Сега пак, Бугарија и Србија имаат морален долг да ги соединат своите политички сили и да укажат дипломатско влијание во полза на Автономијата на Македонија.                                  .

Автономната Македонија е најправедното разрешување на Македонското Прашање; заедно со тоа ќе се реши и целото источно прашање. Тоа е толку понеопходно, зошто со него е заинтересирана цела Европа: во Македонското прашање веќе одамна се мрешка призракот на една општоевропска војна.

Macedo: Одесса 1 VIII 1912г

од Крсте Петков Мисирков

Превземено од Лоза

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.