Сабота, 25 Август 2018    PDF Печати Е-пошта
Јас ја одбирам Македонија и ќе се борам за нејзината иднина!

29103267 931330560375737 1366669689201432165 n

Поттикнат од дебатата која се отвори за користење на средствата за кампањата за референдум, кој се однесува за договорот со Грција, а притоа потребно е да се разграничи дека и покрај сите отворени манипулации и несериозни спинови, претстои кампања за договор со нашиот јужен сосед, а не за членство во ЕУ или НАТО, што е сосема друга тема, сакам да истакнам дека на Македонија повеќе од кампања и се потребни инвестиции, во образованието, младите, економијата, здравството, земјоделието... бидејќи во прашање се околу 80 милиони денари, пари на граѓаните кои власта, владата и парламентарното мнозинство во Собранието ги наменуваат за референдумската кампања.

Ќе предложам на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, доколку постои можност делот од средствата кои се потврдени за ВМРО-ДПМНЕ да се пренамени и истиот да се донира за да се изгради или догради нов објект во состав на големиот објект на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, доколку постои правна пречка за тоа, ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од делот за средствата и јавно ќе побараме истите средства да се вратат во буџетот, и ќе побараме владата да ги инвестира токму во ова тетовско училиште.

ВМРО-ДПМНЕ со сопствени сили и средства, наогајќи потпора во народот, кој е столбот и вистинскиот извор на власт и легитимитет во оваа земја, пред се одејќи од врата на врата, од дом во дом, во маалата, градовите, селата, ќе учествува во кампањата и ќе биде против овој договор, и во моментот кога ќе го дефинираме конечниот став во однос на самиот чин на гласање, учество референдумот, истиот ќе биде соопштен на граѓаните.

Сопственик на оваа држава е народот, а ВМРО-ДПМНЕ останува со народот.
Лицемерно е да се вели дека било кој е за напредок, за инвестиции и подобар живот, а кога треба да се троши за кампања за договор кој во својата суштина е штетен, не се жалат ниту средства ниту ресурси, додека се останато се запоставува.

Јас го одбирам образованието пред скапите кампањи.

Јас ја одбирам Македонија и ќе се борам за нејзината иднина!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.