Понеделник, 27 Август 2018    PDF Печати Е-пошта
На расипништвото на СДСМ мора да му се стави крај
alt

СДСМ удри на крадење на максимум

Македонија веќе една година е во исчекување на животот кој го ветуваше Зоран Заев. Наместо живот граѓаните добија чемер и јад. Осиромашување од досега невидени размери, колабирано здравство, економија која тоне и правосудство кое наместо на граѓаните и служи на власта.

Расипништвото на власта достигнува нови размери со милионите кои се планирани да се потрошат за најскапата анкета во историјата на Македонија, консултативниот референдум за промена на уставното име на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ има предлог кој ќе стави крај на расипништвото на владата на СДСМ. Планираните 1 милион и 300 илјади евра СДСМ наместо да ги фрли во вода за промовирање на капитулантскиот договор од Преспа да се пренаменат за изградба на училиштето Кирил Пејчиновиќ во Тетово.

Учениците во Тетово заслужуваат школската година да ја започнат како своите врсници со достојни услови и мотивација за нови успеси во ново училиште.

На расипништвото на СДСМ мора да му се стави крај. Инверзијата на вредности која ја промовира СДСМ нема да донесе ништо позитивно за обичниот граѓанин, капитулантскиот договор со Грција не може да биде ништо поразлично од тоа што е, капитулација и распродажба на националните и државните интереси.

ВМРО-ДПМНЕ понатаму предлага планираните 670 илјади евра за хортикултура да се искористат за изградба на социјални станови за групата на социјално загрозените граѓани кои своето секојдневие го поминуваат во недостојни услови.

Македонија мора да се врати на вистинската патека. Патека на просперитет, добробит за сите граѓани, здрава економија и социјален систем, а за ова да се случи Зоран Заев и неговата клапа мора да си заминат во политичката историја на Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.