|
||||
| Прислушкувани биле сегашниот премиер Мицкоски, следени биле новинари, медиуми, бизнисмени |
![]() Томовски: Претходната власт која наместо да ги штити државните интереси, преку злоупотреба на државните механизми штитела лични интереси
Прислушкувани биле сегашниот премиер Мицкоски, следени биле новинари, медиуми, бизнисмени.
Скандал кој е од невидени размери. А ќе потсетам дека на власт дојдоа со проект "Вистината за Македонија". 7 години потоа вистината е поинаква, грда, но и болна. Тогашната власт ја следела опозицијата. Сигурен сум дека тоа сега ќе го правдаат со разно разни белешки, инструирани и фабрикувани случаи за надворешно влијание, измислени и наместени причини. Така работела власта која наместо да штити државни интереси, преку злоупотреба на државните механизми штитела лични интереси. Главните прашања кои мора да бидат одговорени се: кој бил одговорен да го следи издавањето на ПИМ мерките од 2019та до 2024та година? Дали е впрочем за тоа одговорен сегашниот јавен обвинител Љупчо Коцевски? Ако тоа е така, станува појасно зошто СДС и ДУИ не гласаа за негово разрешување. Уште поважно е што и денес Венко Филипче е опкружен со истите луѓе кои прислушкувале и злоупотребувале државен систем. Истите тие се дел од понудата на СДС. Но и треба да се одговори на прашањето кому и зошто служеле прислушкуваните материјали? Во која европска држава се следи лидер на најсилна партија и новинари и медиуми? Дали со добиените информации се тргувало со влијание и се уценувале бизнисмени? Времето ќе покаже, и ќе ги даде одговорите. Одговорност мора да има. |





















