|
||||
| Срамно ликување на СДС врз трагедии |
|
СДС уште еднаш ја покажа својата вистинска природа – немаат ниту срам ниту чувство, па дури и врз човечки трагедии се обидуваат да собираат политички поени. Пожарот во Кочани го користат за да се прикажат како спасители, иако сите знаат дека токму тие се виновници за најцрните трагедии во поновата македонска историја. Да се потсетиме: - Модуларната болница во Тетово – таму 14 луѓе живи изгореа поради нивниот криминален и импровизиран проект. Никој не одговараше! - Онкологија – илјадници пациенти останаа без соодветен третман, со години се крадеа лекови додека болните умираа, а власта молчеше.
- Ласкарци – автобус полн со патници се претвори во масакр, над 50 семејства завиени во црно, а институциите нивни под команда молчеа и прикриваа. - Автобусот во Бугарија – уште една трагедија со десетици мртви, а државата неспособна дури ни телата на жртвите достоинствено да ги врати дома. И сега, овие истите што дозволија вакви пустоши и национални трауми, денес лицемерно да глумат загрижени и држат лекции. Срамно е! Додека седум години беа на власт, не направија ништо да ги заштитат граѓаните, напротив, со својата небрежност и криминални политики само создадоа услови за трагедии. Ако навистина се грижеа, зошто не го спречија хаосот во здравството? Зошто дозволија импровизирани модуларни болници без стандарди? Зошто дозволија онколошките пациенти да умираат без терапија? Зошто секоја несреќа што се случи беше проследена со нивно молчење, прикривање и манипулација? Граѓаните не се наивни, добро знаат дека СДС денес не плаче за жртвите, туку плаче за изгубената власт. Затоа и трагедијата во Кочани ја претвораат во партиска прес-конференција. Тоа е дно на политиканството, најмизерно можно однесување. Затоа мора гласно да се каже: трагедиите не смеат да се заборават, а вината мора да се памети. За секој изгорен живот, за секоја изгубена душа во болница, во автобус, на пат или поради украдена терапија постои одговорен. Тој одговорен не може да глуми спасител, туку треба да одговара пред народот и пред историјата. Време е овие самонаречени “загрижени спасители” конечно да замолчат и да се соочат со вистината: нивните раце се валкани со крв од сопствената неспособност и криминал.
|























