|
||||
| Излезете и гласајте за иднината на вашите деца, на вашите внуци, гласајте за вашата иднина! |
|
Овој 19 октомври е денот кога секој од нас ќе ја донесе најважната одлука, дали ќе останеме неми набљудувачи, или ќе застанеме исправено, со достоинство, и ќе гласаме за развој, за Македонија каква што ја заслужуваме. Гледавте како СДС ги газеа националните интереси, а притоа си ги полнеа своите џебови додека вие едвај преживувавте од ден за ден. Но едно мора да се знае, седењето дома не е протест, тоа е поддршка за истите тие што не донесоа до ова дереџе. Излезете и гласајте за Македонија што ќе се гради, ќе создава и ќе ги задржи младите дома. Излезете и гласајте за иднината на вашите деца, на вашите внуци, гласајте за вашата иднина. Излезете масовно како никога до сега и гласајте за Македонија што ќе ја водат чесни луѓе, кои нема да ве изневерат и ќе дадат сè од себе да не ве разочараат. 19 ОКТОМВРИ Е ДЕНОТ НА ВАШАТА ОДЛУКА, ВО КАКВА МАКЕДОНИЈА САКАТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ!
|






















