|
||||
| Браќа и сестри, верни на Организацијата, Македонија се гордее со сите Вас! |
|
Денес стоиме исправени пред историјата, со срца исполнети со неизмерна гордост. Пред нас трепери едно силно чувство што ретко се доживува, чувство дека си бил дел од нешто свето, нешто што ќе остане запишано во народното паметење. Зад нас е историскиот триумф на ВМРО-ДПМНЕ на чело со нашиот лидер Христијан Мицкоски, најголемата победа во новата историја на Македонија! Победа што ја врати надежта, гордоста и вербата, дека Македонија може и мора да опстои исправена и горда со исправена кичма и економски силна! Браќа и сестри, Ние Ветераните сме корените од кои израсна ВМРО-ДПМНЕ, Нашата љубов кон Македонија е темелот врз кој опстои Организација. Иако годините поминуваат, Нашите срца не стареат, во Нас и денес гори истиот пламен како во тие први денови кога ја браневме честа на Македонија, кога стоевме на браникот на државата, без двоумење, без страв, со верба дека Македонија ќе победи. Браќа и сестри, денес, можеме со гордост да кажеме: „И ние Ветераните на ВМРО-ДПМНЕ придонесовме за оваа историска победа, за иднината на нашите деца и внуци и за иднината на сите граѓани во Македонија!“ Големата благодарност до сите Вас и до секој човек што излезе да гласа, што не се уплаши, што не се продаде, благодарност и до сите што му поверуваа на Христијан Мицкоски и го дадоа својот глас за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и рекоа: Да, вредеше! На чело со нашиот лидер Христијан Мицкоски, сите обединети како што бевме обединети и мотивирани деведесетите години, покажавме дека идеологијата и единството е најсилното оружје на еден народ. Но борбата браќа и сестри не е завршена. Не чека уште една голема победа! Уште две недели не делат и повторно ќе покажеме дека сме најсилни кога сме обединети и мотивирани и веруваме во Тие кои денес ја водат ВМРО-ДПМНЕ. Вториот круг на локалните избори е нашата следна задача, нашата следна битка. Затоа, до вториот круг од локалните избори, нека не‘ стивнува пламенот во срцата, да одиме уште посилно, уште помасовно, уште по обединето. Мотивирани со чиста совест, по вториот круг ќе кажеме: Ние сме тие што дадовме се од себе за Македонија, за ВМРО-ДПМНЕ, за нашиот лидер Христијан Мицкоски и за иднината на нашата заедничка Македонија! Со почит кон сите Вас,
Мане Јаковлески, Претседател на ИК-Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ. |






















