|
||||
| ВМРО-ДПМНЕ има модел кој гради, обединува и носи резултати, на 2 ноември да заокружиме број 9 за развојот на општините да продолжи |
|
Во изминатите четири години градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека може да се раководи транспарентно, отчетно и во корист на интересите на граѓаните.Градоначалниците работеа со интегритет и визија и во многу општини го надминаа ветеното, односно испорачаа повеќе од она што првично беше зацртано во нивните програми. Резултатите се видливи, а граѓаните покажаа дека се задоволни уште во првиот круг на локалните избори кои се одржаа на 19 октомври. Владата на ВМРО-ДПМНЕ направи суштинска промена во начинот на кој централната власт во државата соработува со локалната самоуправа.Преку поддршката која Владата им ја овозможува на општините се реализираат капитални инвестиции, се отвораат нови можности и се решаваат проблеми што со години стоеле само на хартија.Се гради инфраструктура, се обновуваат училишта, се модернизира јавниот транспорт, се решаваат проблеми со водоснабдување и отпад. Тоа се реални промени што го менуваат секојдневието на граѓаните.Тоа е моделот на управување што го има ВМРО-ДПМНЕ, модел кој гради и обединува, а најважно носи резултати. Локалните самоуправи имаат партнер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се обезбедат подобри услови за живот за секој граѓанин, секоја општина да има услови да напредува, независно која политичка боја ја има локалната администрација. |



















