|
||||
| Македонија влегува во ера на стабилност и државност и крај на моделот на заробена Македонија! |
|
Мане Јаковлески, Претседател на УВ на ВМРО-ДПМНЕ Кога се одржува партиски конгрес, најчесто јавноста го гледа како формален настан. Но 18-от Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, одржан во Кавадарци, не беше ниту формален, ниту обичен. Тоа беше пресвртна точка, историска линија меѓу минатото и иднината, меѓу години на национално понижување и години на државничка обнова. 18-от Конгрес беше организиран беспрекорно но најважно беше, духот, зрел, спокоен и сигурен. Не се гледаа поделби, суети или лични агенди, туку јасна цел: државата да оди напред, а народот да живее подобро. Кога чекорев во салата во Кавадарци, на 18-от Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, го почувствував она чувство што одамна не сум го почувствувал во македонската политика: чувство на зрелост, на сила, на единство и на одговорност. Тоа не беше уште еден партиски собир, тоа беше потврда дека Македонија конечно ја затвора страницата на политичка нестабилност и влегува во период на стабилна државност. Додека Македонија тонеше во корупциски скандали, рекетарски афери и политичка деградација, Мицкоски успеа да го зачува ВМРО-ДПМНЕ, чисто од криминал и морално исправено и го победи СДС во битка кога тие мислеа дека се недопирливи. Трите изборни порази на не се случајни, тие се референдум на народот за време на нивното коруптивно и антимакедонско владеење. Седум години Македонија беше жртва на владеење во кое државата беше претворена во приватен интерес на мала група луѓе поврзани со СДС. Седум години видовме: -корупциски шеми кои станаа систем, -институции претворени во лични каси, -аматеризам облечен во европски фрази, -национални отстапки без никаква државна стратегија, -понижени ветерани, понижен народ, понижена држава. 18-от Конгрес јасно ја пресече оваа состојба. Тоа беше политичка порака до граѓаните: Ерата на беспомошност, примитивен популизам и институционален распад заврши. Започнува ерата на стабилност, ред и државна самодоверба.
Претседателот Христијан Мицкоски на Конгресот не беше само реизбран. Тој беше задолжен од членството, од ветераните, од народот да ја доврши работата што ја започна. Има три клучни причини зошто партијата никогаш не дала посилна и пообединета поддршка на еден лидер: Прво: Додека Македонија тонеше во корупциски скандали, рекетарски афери и политичка деградација, Мицкоски успеа да го зачува ВМРО-ДПМНЕ чисто од криминал и морално исправено. Второ: Трите изборни порази на СДС не се случајни, тие се референдум на народот за нивното владеење. Трето: затоа што народот верува во новата генерација државници што тој ја создава.
Како претседател на Унијата на ветерани, како човек, чие срце 35 години чука со ритамот на партијата уште од нејзините први денови, имав можност да го видам најважното, ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била посилна, поискусна и пообединета отколку денес. Она што најмногу ми остави впечаток беше огромното присуство на ветерани. Никогаш досега, генерацијата која го создаде ВМРО-ДПМНЕ, не била претставена во толку голем број делегати и гости на еден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ од 1991 до денес. Тоа покажува две работи: -Партијата ги почитува своите темели, луѓето кои ја носеа партијата на грб кога беше најтешко. -Ветераните препознаваат дека денес партијата оди во вистинска насока, водена од луѓе кои ја почитуваат историјата и ја градат иднината. Ваквата поврзаност меѓу ветераните и новите генерации е најдобриот знак дека партијата влегува во фаза на институционална зрелост. Денот кога ја создадовме Унијата на ветерани беше ден кога решивме дека нашето искуство, нашата историја и нашите жртви ќе останат да ја водат партијата и кога нас веќе ќе не нема. Овој 18-от Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци ми покажа дека нашата борба не била залудна. Од нас, младите научија дека ВМРО-ДПМНЕ не е само партија, тоа е историска обврска, политичко наследство и државотворна мисија. 18-от Конгрес не беше само формална обврска, Конгресот беше, потврда на силно и обединето раководство, спој меѓу старите и новите генерации и најава на нова македонска ера. Ние ветераните остануваме тука, исправени, верни и подготвени да помогнеме да се заврши државничката работа. Македонија има светла иднина, а тоа се почувствува уште на влезот во салата во Кавадарци. За мене овој Конгрес имаше уште поголема тежина, затоа и во моето обраќање реков нешто што одамна требаше да се слушне во државата: Ветераните не се минато-Ветераните се живата совест на ВМРО-ДПМНЕ, ние сме луѓето кои ја создадоа државата во најтешките години, и нема да дозволиме Македонија повторно да биде понижена. Го кажав тоа со полна одговорност, гледајќи во полната сала на луѓе кои ги носат истите рани, истите спомени и истата љубов кон Македонија. Во мојот говор додадов и нешто што ја опишува суштината на новата политичка реалност: Денес, конечно имаме претседател и премиер кој работи за државата, а не за кланови, не за коруптивни интереси. Нашата задача е да му помогнеме, еден ден сите заедно да кажеме дека Македонија повторно стои гордо исправена, Македонија пред сè. На крај на мојот говор испратив и порака до младите во Македонија: -Вашите животи се новата страница на македонската историја. -Нашите предци ја пишуваа историјата со храброст и мудрост, Ваше е времето да ја продолжите, со знаење, со чесна работа и со верба во Македонија. Бидете силни, решителни и достојни на земјата што ни ја оставија Филип, Александар, Самоил, Гоце и сите великани пред нас. Не дозволувајте никој да ви ја одземе гордоста, идентитетот и правото да сонувате големи соништа, чекорете храбро, бидете генерацијата што ќе гради. Нема место во светот каде човек е повеќе свој отколку во својата држава, останете дома, во Македонија, и продолжете го аманетот: Македонија пред сè!и сѐ за Македонија! Kако Претседател на Унијата на ветерани можам да Ветам: Нашата борба продолжува на чело со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и Премиер на Република Македонија. Македонија повеќе нема да живее во срав, хаос и безредие! Ветераните препознаваат дека ВМРО-ДПМНЕ повторно е државотворна сила! 18-от Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржа на 6 декември 2025 лето господово во Кавадарци, ќе биде со генерации запаметен.
|
































