|
||||
| Со Божји благослов, нека Новата 2026 година биде среќна, мирна и бериќетна за секое македонско семејство |
|
Се ближи Новата година, Божиќ, Василица и Водици – денови на радост, светлина и заедништво. Нека празничниот дух ни ги исполни срцата со мир, здравје и надеж, а домовите со љубов, топлина и благослов. Нека секој нов празничен ден ни донесе повеќе насмевки и вера во подобро утре. Со Божји благослов, нека Новата 2026 година биде среќна, мирна и бериќетна за секое македонско семејство, а претстојните Божиќни празници нека ни ги исполнат срцата со радост, љубов и надеж. Нека Новата година донесе здравје, спокој и благосостојба во секој дом, повеќе слога, почит и заедништво меѓу луѓето, како и сила, трпение и мудрост за нови победи и успеси. Божиќ нека нè потсети на вистинските вредности – човечноста, љубовта и вербата, врз кои опстојувала и ќе опстојува Македонија. Со вера во подобро утре, да ја пречекаме Новата година обединети, достоинствени и горди на својот идентитет, посветени на иднината на нашата татковина. Да ги отвориме срцата и да посакаме Македонија да продолжи по патот на реформите, напредокот и економското зајакнување, за насмевка да има на секое лице и среќа во секое срце. Да ја дочекаме и прославиме Новата 2026 година со љубов и вера во Бога, да го прославиме Божиќ и да го чествуваме Господ на автентичен македонски начин. Среќна Нова 2026 година и весели Божиќни празници!
|






















