|
||||
| Среќен и благословен Бадник и среќни Божиќни празници! |
|
Македонска Нација на сите Православни Христијани им го честита Бадник и Божиќните празници! Во тивката Бадникова вечер, кога пламенот на огнот ја осветлува душата, а молитвата ги собира семејствата околу трпезата, се потсетуваме на вечните вредности што нè одржале како народ низ вековите – верата во Бога, љубовта кон ближниот и силата на заедништвото. Божиќ е празник на раѓањето на надежта, на победата на светлината над темнината и на љубовта над стравот. Нека Христовото Рождество донесе мир во срцата, благослов во домовите и духовна сила за секој човек, а особено за македонското семејство – темелот на нашето постоење и иднина. Во овие свети денови, со смирение и благодарност се поклонуваат пред жртвата и истрајноста на сите генерации кои го чувале македонското име, јазик и вера. Наша обврска е тоа наследство да го сочуваме, да го зајакнеме и да го пренесеме на идните поколенија, со љубов, достоинство и одговорност. Нека празничната светлина ги осветли патиштата кон слога, правда и напредок, и нека Божјата благодат биде со секој дом и со целата татковина. Христос се роди!
|






















