|
||||
| АПЕЛ ДО СИТЕ ХУМАНИ И СВЕСНИ МАКЕДОНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА И ДИЈАСПОРАТА |
|
АПЕЛ ДО СИТЕ ХУМАНИ И СВЕСНИ МАКЕДОНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА И ДИЈАСПОРАТА Стојан Џељов од Благоевград е Македонец. Не по збор, туку по срце, по песна и по судбина. Народен пејач чиј глас ја носи вековната македонска болка, гордост и радост. Денес, тој глас тивко плаче – затоа што Стојан живее во тешка човечка и национална неправда. Положбата на Македонците во Бугарија е тешка, понижувачка и болна. Стојан е без работа, без средства, без сигурен оброк. Гладува. Деновите му минуваат во сиромаштија и заборав, а единственото што го има се неговиот глас и непокорната љубов кон македонската песна. Тој не бара милостина. Тој бара шанса. Бара можност чесно да живее од својот труд. Бара да пее таму каде што македонската песна се разбира и се почитува – во Република Македонија, во својата мајка татковина или во дијспора. Ги повикуваме сите луѓе со срце, сите културни работници, институции, угостители, организатори на настани и секој што може да помогне – подадете рака. Помогнете Стојан Џељов да најде работа како народен пејач и да го врати достоинството што му припаѓа. Ова не е само апел за еден човек. Секој Македонец заслужува достоинствен живот. Мобилен од Стојан за контакт: 00359-88-5779596
|





















