|
||||
| Лидерот на СДС Венко Филипче ги помеша Водици со Божиќ |
|
Лидерот на СДС Венко Филипче ги помеша Водици со Божиќ Наместо со поздравот „Бог се јави“, со кој православните христијани се поздравуваат на празникот Богојавление-Водици, лидерот на СДС Венко Филипче во својата пригодна изјава од Охрид, каде присустуваше на празнувањето, поздрави со „Бог се роди“. Не е проблем кога политичар ќе направи лапсус. Проблем е кога лапсусот станува правило, а правилото – огледало на една партиска култура. Грешката со верскиот поздрав на Водици не е изолиран гаф, туку симптом на подлабока болест: отуѓеноста на СДС од народот, традицијата и вредностите што со децении ги третира како товар, а не како темел. Кога лидер на СДС ќе ги помеша Водици со Божиќ, тоа не е само погрешна фраза. Тоа е доказ дека за оваа партија верата е протокол, а празниците се ПР-алатка. Верските обичаи не се сценографија за камера, туку жива традиција што се пренесува со векови. Но, за лидерот на СДС тие очигледно се само уште една можност за јавен настап без суштина. Во држава каде празниците се дел од идентитетот, ваквите гафови звучат како механичко читање од лист хартија – без чувство, без разбирање и без почит. Неверникот нема обврска да верува, но има обврска да знае. А кога не знае, подобро е да молчи отколку да глуми блискост со народот. СДС со години се обидува да се прикаже како „модерна“, „прогресивна“ и проевропска партија, но зад таа фасада често се крие елементарно непознавање на сопственото општество. Политиката може да биде секуларна, но незнаењето не е вредност, ниту европска, ниту демократска. Особено не кога доаѓа од оние што претендираат да ја водат државата. Ова не е навреда за верата, туку навреда за здравиот разум. Зашто кога верата се користи како декор, грешките се неизбежни. А на крајот, можеби најискрено би било СДС да престане да честита празници што не ги разбира – и да честита барем она што навистина го знае: политички гафови, празни зборови и уште една изгубена врска со народот.
|






















