Среда, 23 Февруари 2011    PDF Печати Е-пошта
Берлински конгрес (13 јуни - 13 јули, 1878)

berlinski-kongres
Антон фон Вернер. Берлински конгрес.

Берлинскиот конгрес е средба на државните претставници на тогашните европски големи сили и Отоманската Империја која се одржала во Берлин во 1878 година, после завршувањето на Руско-турската војна, 1877-1878. На конгресот се расправало за новонастанатите услови на Балканот. Претседавач на конгресот бил Ото фон Бизмарк.

Некои од големите сили, особено Австро-Унгарија, Британија и Франција, не биле задоволни со содржината на Санстефанскиот договор, кој бил склучен помеѓу Русија и Турција во март истата година. Причината за незадоволството била што тие сметале дека на Русија ѝ биле дадени преголеми отстапки, особено излез на Егејското море до Солун и Кавала преку бугарска територија. Поради тоа, под закана со војна, тие го иницирале новиот мировен состанок. Конгресот имал за цел да изврши ревизија на Санстефанскиот договор и да го спречи ширењето на руското влијание на Балканот. На инсистирање на Русија, Бугарија не учествувала на Берлинскиот конгрес.

Исцрпени од претходната меѓусебна војна, Турција и Русија прифатиле одржување на нов мировен конгрес, кој го организирала Германија на чело со Бизмарк.

На Конгресот се одлучило:

  • на Отоманската империја да ѝ се вратат во владение териториите на Македонија и Одринска Тракија од Санстефанска Бугарија кои ѝ биле одземени со Санстефанскиот договор во полза на Бугарија. Исто така, според претходно склучени во Руско-британски договор (од 30 мај 1878 година), територијата на Бугарија е околу три пати намалена од предвидената во Санстефанскиот договор (било решено Бугарија да се простира на територијата која се наоѓа само северно од Стара Планина).
  • Од остатокот од територијата на Санстефанска Бугарија, односно Источна Румелија потпаднала под турска власт и се здобила со статус на автономна област;
  • Србија, Црна Гора и Романија да добијат независност;
  • Бугарија добила статус на вазално кнежевство во рамките на Отоманската Империја;
  • Кипар ѝ бил доделен на Велика Британија;
  • Босна и Херцеговина ѝ била доделена на Австро-Унгарија.

На овој начин моќта на Отоманската Империја во Европа и Азија била значително намалена. Влијанието на Руското царство на Балканот исто така се намалило за сметка на зголеменото влијание на Австро-Унгарија.

На Конгресот се договорил и бил ратификуван Берлинскиот договор.

На Конгресот се направила целосна ревизија или биле избришани 18 од вкупно 29 членови на Санстефанскиот договор, и во таа смисла ги исполнил целите.

Иако била основа за стекнување на државен суверенитет на некои од балканските држави, оваа територијална поделба на Балканот не ги решила сите прашања и аспирации, туку испровоцирала понатамошни тензии кои кулминирале со Балканските војни, а подоцна и Првата светска војна.

На конгресот учествувале претставници од Британската империја, Австро-Унгарија, Француската Трета Република, Германската Империја, Руската Империја и Отоманската Империја. Делегати од Грчкото Кралство, Романското Кралство, Србија и Црна Гора биле присутни на конгресните сесии во кои се расправало за нивните држави, но тие не биле членови на конгресот.

Делегати

Велика Британија

  • Ерлот од Беконсфилд
  • Маркизот од Сализбури
  • Лорд Расел

Русија

  • Принцот Горчаков
  • Грофот Шувалов
  • Баронот Убрил

Германија

  • Принцот Бизмарк
  • Принцот Хохенох
  • Канцеларот фон Билов

Австро-Унгарија

  • Грофот Андраши
  • Грофот Кароли
  • Баронот Хајнрих Карл фон Хајмерл

Франција

  • Монсењор Вадингтон
  • Comte de Saint-Vallier
  • Monsieur Desprey

Италија

  • Грофот Корти
  • Count De Launay

Отоманска Империја

  • Пашата Каратеодор
  • Бегот Садулах
  • Пашата Мехмет Али

Грција

  • Теодорас Делијанис

Србија

  • Јован Ристиќ

Романија

Црна Гора

Членот 23 од Берлинскиот договор е еден од двата основни документа, кои го определуваат државно-правниот концепт на Македонија од овој период - вториот е Уставот на Македонските востаници од 1878 година.

Овој член, мошне добро ја открива не само играта на големите сили околу Македонија, туку и компромисите што се правени за неа меѓу големите сили и Турција. Тој предвидува Македонија, како турска провинција, да добие свој статут, поточно: устав, што значи, да добие посебен државно-правен статус, како оној на Крит, во рамките на Турската империја. Според тоа, Македонија требало да добие свој гувернер и главен командант, кому би му била доверена командата на војската. Применувајќи ги принципите на територијалната поделба на Крит, Турција била задолжена територијата на Македонија да ја подели на санџаци (околии), чиј број би бил дополнително одреден. Со овие територијално-административни единици би управувале мутасарифи, и тоа половината муслимани, а другата половина христијани, меѓутоа и едните и другите требало да бидат службеници на царската влада. Помошниците на мутасарафите - муслиманите, би биле христијани, а на христијаните - муслимани. Околиите би биле поделени на кази со кои би управувале кајмаками. Органскиот устав на Крит, што значи и идниот устав на Македонија, предвидувал формирање специјален административен совет во секоја територијално-административна единица, составен од по три члена муслимани и три члена христијани. Бидејќи вакви совети се предвидувало да се формираат и во пониските административно-територијални единици, доколку во нив живее исклучително христијанско - односно муслиманско - население, советот би бил составен од шест христијански претставници, односно муслимански. Со советот би раководел раководителот на територијалната администрација.

Подеталната разработка и анализа на членот 23 од Берлинскиот договор открива дека Македонија, според него, би добила политичка автономија, во која македонскиот народ би имал пошироки можности да го изрази својот национален индивилуалитет отколку што ги имал дотогаш под турска власт.

Оттогаш па натаму идејата за автономија на Македонија ќе биде водечка идеја што ќе го мотивира национално ослободителното и револуционерното движење во земјата, добивајќи во различни услови и различни облици, меѓутоа, секогаш присутна како барање и настојување македонскиот народ да добие свои државно-правни рамки. Автономијата за Македонецот стана идеал на кој тој му ја посвети својата идна борба за национална и политичка слобода и од простата причина што утврдувањето на автономниот државно-правен статус на Македонија беше зацртан во државно-правен акт од меѓународен карактер. На тој начин, за првпат во политичката историја на Македонија нејзе ѝ се признава автономен статус и таа се третира како посебна етничка заедница и територијална единица. Практично, со членот 23 од Берлинскиот договор Македонија се конституира како автономна област во своите геополитички и етнички граници во рамките на Турската империја. На овој начин Македонија стана субјект во меѓународните односи и се здоби со признавање како „етнички територијална единица со елементи на своја самобитност и самоуправување“.

Со Санстефанскиот договор, Бугарија добила огромни територии од Отоманската империја, вклучувајќи ја целата територија на географска Македонија, но и делови од денешна Србија (Пирот, Врање) и Албанија (Корча). Со Берлинскиот конгрес, оваа ситуација е значајно изменета, при што Источна Румелија повторно станала oтоманска провинција, како и Македонија. Исто така, денешни делови од Србија и Романија биле доделени на тие земји.

Иако Санстефанскиот договор живеел само три месеци, тој создал во Бугарија фикција за Голема Бугарија, која иако никогаш не се реализирала, сепак, подоцна ќе биде главен поттикнувач на големобугарските амбиции и сериозен фактор за нестабилноста на Балканот.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.