Струмица, 8 ноември (МИА) - Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска во Струмица ќе присуствува на светата архиерејска литургија во катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ по повод 150 годишнината од Кукушкото соединение.
По повод јубилејот во катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ ќе се одржи архиепископска света литургија која ќе ја предводи кардиналот Бузаниќ во сослужение на бискупот Киро Стојанов и на присутните епископи и свештеници.
Со создавањето на Кукушката унија во 1859 година со седиште во Кукуш, практично беше означено соединувањето на католичките верници од југоисточниот и егејскиот дел на Македонија со Светата столица во Рим.цр/8:50 |