Актуелно
Понеделник, 06 Мај 2024 09:57    PDF Печати Е-пошта
Митева: Нашата цел е да ја вратиме довербата дека Македонија може да биде функционална држава

4490И

Македонците и Албанците и сите останати исто го чувствуваат лошиот живот и животен стандард, како идна влада имаме за цел да ја направиме Македонија функционална држава

Повеќе...
 
Недела, 05 Мај 2024 22:04    PDF Печати Е-пошта
Христос Воскресе! За многу години Велигден!

1Mickoski H 2

Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, да направиме се утре да биде подобро од денес

Повеќе...
 
Недела, 05 Мај 2024 21:48    PDF Печати Е-пошта
Христовото Воскресение е многу значаен ден

1Mickoski H 4

Мицкоски: Христовото Воскресение е многу значаен ден, да се обединиме, да се сплотиме како народ и како нација

Ќе ми дозволите да го честитам на сите православни христијани овој голем ден, значаен дел, Христовото Воскресение. И да им посакам хармонија, спокој, ним и на нивните семејства.

Истото сакам да го посакам на сите граѓани во Македонија, насекаде во светот без разлика на верската припадност.

За нас православните христијани Христовото Воскресение е многу значаен ден и во име на тоа дозволете денеска да уживаме во мирот, во спокојот.

И да се обединиме, да се сплотиме бидејќи како народ и како нација тоа ни е потребно во деновите, месеците, и годините кои што следат. 

 
Недела, 05 Мај 2024 02:00    PDF Печати Е-пошта
Вековните пораки на најголемиот христијански празник Велигден

Easter-Orthodox-180Во христијанската религија, Велигден е најголемиот верски празник, празник над празниците. На тој ден христијанските верници го одбележуваат Христовото Воскресение, настан кој ја содржи целата суштина на христијанството и потврда на верата. Се прославува денот кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. „Празна ќе беше нашата вера, ако Христос не воскреснеше“ ќе рече во своите проповеди Свети Павле.

Повеќе...
 
Недела, 05 Мај 2024 02:00    PDF Печати Е-пошта
Воскресение Христово (Велигден)

Voskresenie-180Денот на Христовото воскресение Велигден е не само најголемиот туку и најстар христијански празник што се празнува од вториот век. Тој е суштината на Христијанството, потврда и на самата вера зашто како што рекол Свети Апостол Павле: „Ако Христос не воскреснеше празна ќе беше и нашата вера“. Затоа на Велигден пееме: „Христос воскресна од мртвите,/ со смртта, смртта ја победи,/ и на оние што се во гробовите/ живот им дарува“.

Повеќе...
 
Недела, 05 Мај 2024 00:39    PDF Печати Е-пошта
Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ : Христос Воскресе! Навистина Воскресе!

336672171 900225747761319 7204124643926000526 n

Од името на Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ на сите Македонци христијани во сите делови на Македонија и во велиот свет им го честитам големиот христијански празник Христовото Воскресение Велигден.

Повеќе...
 
Сабота, 04 Мај 2024 22:47    PDF Печати Е-пошта
ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

thumbnail

ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, залудни сценарија, секако ќе одат во опозиција

Повеќе...
 
Сабота, 04 Мај 2024 06:00    PDF Печати Е-пошта
Велика сабота - исчекување на благодатта на Неговото Воскресение

Hristosvoskrese-240Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика сабота е исполнета со исчекување на благодатта на Неговото Воскресение.

Повеќе...
 
Сабота, 04 Мај 2024 06:00    PDF Печати Е-пошта
Велика сабота

velika-sabota

Во светата и Велика Сабота го празнуваме боготелесното погребение и слегувањето во адот на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, Кој нашиот род од распадливост го повика кон вечен живот. Светата Четириесетница е поголема од сите други денови, а од неа, пак, е поголема оваа света и Велика седмица; а од Великата седмица повторно најголема е оваа света и Велика сабота. А Велика седмица се именува не затоа што има повеќе денови или часови, туку затоа што во неа се случија големи и натприродни чудеса и извонредни дела на нашиот Спасител, особено денес. Како што при првото создавање на светот, откако го заврши сето Свое дело, особено откако го создаде човекот во шестиот ден, во седмиот ден Бог отпочина од сите Свои дела, го освети и го нарече сабота, што значи одмор, така и во создавањето на духовниот свет, откако на извонреден начин создаде се, откако во шестиот ден го пресоздаде распадливиот човек и го обнови со живоносниот Крст и со смртта, во овој седми ден повторно се одмори и, по завршените дела, заспа со животворен и спасителен сон.

Впрочем, Словото Божјо со телото слезе во гробот, а во адот се спушти со Својата нераспадлива и божествена душа која во смртта се раздели од телото и ја предаде во рацете на Отецот, Кому ја принесе и Својата крв, а која е нашето спасение, иако Он немаше потреба да го бара тоа. Поради тоа душата на Господа не беше задржана во адот, како душите на другите светии. Па како би била и задржана, кога таа воопшто и не потпаѓаше под прародителската клетва, како другите. Нашиот непријател ѓаволот, иако не задржуваше, не можеше да ја земе крвта по цената на која ние бевме искупени. Та, како ѓаволот, тој разбојник, би можел да Го задржи, бидејќи Христос не беше само од Бога, туку беше Самиот Бог? Меѓутоа, Господ наш Исус Христос се всели во гробот со Своето тело и со Своето божество кое беше тесно соединето со телото. Беше во рајот со разбојникот и, во исто време, беше во адот, како што се вели, со Својата обожена душа. Со Својата, пак, божествена природа Он седеше заедно со Отецот и со Светиот Дух, а како Бог неопислив беше насекаде, зашто божеството беше нестрадално ни во гробот ниту на крстот. Секако, телото Господово требаше да претрпи и смрт, односно разделување на душата од телото, но не и распаѓање, односно целосно разурнување на телото и на неговите членови.

Но Јосиф, откако го симна светото тело на Господа, Го погреба во нов гроб, близу во градината, и на влезот од гробот стави огромен камен, бидејќи Јудеите, по петокот, отидоа кај Пилат и му рекоа: „Господару, се сетивме дека оној измамник, додека беше жив, рече: По три дена ќе воскреснам. Мислиме дека е добро твојата власт да и нареди на војската да го чува гробот". Пилат одговори: „Ако е измамник, тогаш зошто се грижите за неговите зборови додека бил жив, бидејќи тој, ете, несомнено е мртов?" А, кога Тој рекол дека ќе воскресне? Се чини дека тие дошле до тој заклучок од поуката за Јона. Но, секако, ако гробот биде чуван, нема да го украдат. Безумници!!! Тие не беа сфатиле дека тоа што го правеа наскоро ќе се сврти против нив! Кога Пилат наредил, тие самите поставиле војничка стража и грижливо со печат го утврдиле гробот, за да не можат да речат, со клевети, дека воскресението на Господа се случило без стража и без печати, со измама.

Но отсега адот отстапува и се избезумува чувствувајќи поголема сила; и наскоро ќе Го исфрли Оној што неправедно беше Го проголтал - Христа, најтврдиот аголен камен, како и сето она што од памтивек го проголтал и ставил во својата утроба.

Со Твоето неизкаживо снисходење, Христе Боже наш, помилувај не. Амин.

 
Сабота, 04 Мај 2024 02:00    PDF Печати Е-пошта
Дали ова се последните фотографии на Гоце Делчев?

goce231

Една ретка фотографија на која се наоѓа Гоце Делчев предизвика многу полемики на социјалните мрежи. На таа фотографија, Гоце заедно со пријатели се разладуваат во река, што прави да е многу веројатно дека фотографијата не е од раната пролет 1903, туку најверојатно од претходната година…

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.